Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Околу 1 150 млади професионалци од 150 струки и 85 натпревари на „SwissSkills 2022“ во Берн
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Околу 1 150 млади професионалци од 150 струки и 85 натпревари на „SwissSkills 2022“ во Берн
Агровести

Околу 1 150 млади професионалци од 150 струки и 85 натпревари на „SwissSkills 2022“ во Берн

Објавено 08/09/2022
Сподели
4 мин. за читање
Wieder Berufsmeisterschaft vor grossem Publikum: Rund 1'150 junge Berufsleute machen sich für die Schweizer Meisterschaften der Berufsleute in Bern bereit
Сподели
Ad imageAd image

Заварувачи, керамичари и фризери, кројачи, готвачи и модни дизајнери, козметичари, часовничари и мајстори за пијано, се само дел од 150-те професии што ќе бидат претставени на годинашниот саем „SwissSkills“ во Берн, Швајцарија.

На саемот што се одржува од 7 до 11 септември, учествуваат околу 1 150 млади професионалци меѓу кои и лаборанти, водоводџии, шминкери, произведувачи на оргуљи, пекари, машински и електротехничари, резбари, изработувачи на накит, автомеханичари, мајстори за поправки на земјоделска механизација, фармери специјализирани за различни сточарски дејности, репаратори на мебел, монтажери на бекатон плочки,… Најдобрите од нив и практично ќе ги презентираат своите вештини и знаења, а посетителите ќе имаат можност да ги набљудуваат одблиску, но и директно да се вклучат во работниот процес.

Првите денови од саемот се резервирани за натпревари – вкупно 85 првенства за освојување на титулата „швајцарски шампион“, како и за демонстрирање на професиите, додека во недела на агендата е „Најдоброто од ‘SwissSkills’“ – програма посветена на учениците и родителите.

свисскилс

-„SwissSkills“ промовира извонредност во професионалната пракса, им дава на младите увид во различните професии и помага да се зајакне имиџот на стручното образование во Швајцарија. Меѓу 85 од 150-те различни професии кои ќе бидат застапени, ќе се одржуваат првенства, а околу 1 150 чираци и дипломци ќе се натпреваруваат за освојување на титулата „швајцарски шампион“. Млади професионалци од други 65 професии, пак, ќе го покажат својот талент во живо, директно демонстрирајќи ја својата струка, најавуваат организаторите.

Новинари од Република Северна Македонија ќе го посетат саемот и ќе се запознаат со швајцарскиот бизнис сектор, со асоцијации и здруженија, како и со швајцарските медиуми кои го поддржуваат саемот и пишуваат за стручното образование преку проектот „Образование за вработување“ https://www.e4e.mk/ кој ги поддржува реформите за стручно образование во Севеврна Македонија, а е поддржан од швајцарската Влада.

Историјата на SwissSkills почнува во 1953 година кога Швајцарија прв пат учествува на меѓународни натпревари за стручни вештини, а во 1963 година се организира во Берн. Со текот на годините, форматот на организацијата се менува од фондација во институција за натпревари за стручни вештини, името се менува од Swisscompetence во Swiss Skills. Форматот се зголемува од локално, кантонално и национално ниво, но сепак фунцкијата на саемот останува координирање, организација и промовирање на швајцарските првенства за стручни вештини, како и учество на светски првенства за стручни вештини. Во 2014 година се организира првото централно швајцарско првенство во Берн, додека во 2017 година SwissSkills преминува во јавно-приватно партнерство помеѓу државните институции, асоцијации и здруженија и приватниот сектор, со голема поддршка од медиумски партнери. Со подобрен формат, во 2018 беше организирано второто централно швајцарско првенство за стручни вештини кое достигна 120.000 посетители, со промоција на 135 различни занимања. Благодарение на високото ниво на медиумски интерес, SwissSkills 2018 се емитуваше на национални телевизии во живо. SwissSkills 2022 година се очекува да ги надмине сите претходни постигнувања, особено во поглед на број на занимања и број на посетители – https://www.swiss-skills2022.ch/de. 

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:SwissSkillsБерн
Претходен напис Сончево со мала до умерена локална облачност
Следен напис Почнува првиот „Охридски фестивал на виното“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?