Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Огромни катастрофи од невремето „Даниел“ во централна Грција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Огромни катастрофи од невремето „Даниел“ во централна Грција
Агровести

Огромни катастрофи од невремето „Даниел“ во централна Грција

Објавено 07/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од вторникот наутро, кога започна невремето „Даниел“, до утрово, противпожарната служба на Грција примила 4.870 повици за помош во погодените региони, на безбедни локации биле пренесени над 800 лица, а обилните дождови и поплавите предизвикаа огромни катастрофи во централниот дел на земјата, додека невремето и проблемите продолжуваат и денеска, јави дописничката на МИА од Атина. 

Најпогодени се градовите Волос, Кардица, Трикала и Пилио, каде што три лица веќе ги загубија животите и неколку се исчезнати, а според локалното население, штетите се толку големи што говорат за библиски катастрофи. 

Во некои од градовите и селата, жителите се спасуваа со помош на булдожери и чамци. 

Синоќа беше затворен голем дел од автопатот Солун- Атина во делот меѓу градовите Ламиа и Катерина, додека пак утрово сообраќајот е нормализиран, а во прекин е и железничкиот сообраќај.

Невремето Даниел не ја заобиколи ниту Атина, каде што вчера беа поплавени улици и метро станици, а затворени беа неколку булевари. 

Синоќа, преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите на грчката метропола да ги ограничат нивните движења. 

Според противпожарната служба на Грција од вторникот во 7 часот наутро, заклучно со денеска во исто време, во пет региони, примиле 4.870 повици, главно за испумпување вода, сечење дрвја и пренесување луѓе на безбедни места. 

Вкупно 818 лица биле префрлени на безбедни локации, од кои над 700 се во областа Магнисиа поширокиот регион на градот Волос. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Таг:ГрцијаДаниелкатастрофиневреме
Претходен напис Променливо облачно со повремен локален дожд
Следен напис Соларен саем за обновливи извори на енергија од 15 до 17 септември во Скопје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?