Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Огромен вишок на компири на европскиот пазар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Огромен вишок на компири на европскиот пазар
ПазариРастително производство

Огромен вишок на компири на европскиот пазар

Објавено 17/08/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Огромни количини, т.е. стотици илјади тони компири, останаа од минатата година на пазарите во големите земји производители и во магацините на преработувачите. Како резултат на тоа, цените паднаа на невидено ниско ниво, додека оваа година површините засадени со оваа култура особено во Франција и Германија, се зголемени во однос на минатата година, пишува agrarheute.

Преработувачите ги откупуваат само договорените количини

„Поради катастрофалниот пад на продажбата на замрзнати и сушени производи, главно во угостителството и поради падот на извозот,  неколку стотици илјади тони компири останаа неискористени. Последиците се сериозни“, рече Хорст-Питер Карос, генерален директор на Федералното здружение на преработки од овошје, зеленчук и компири. (БОГК).

Големите фабрики за преработка на оваа култура работат со капацитет околу 70 до 80%, а се откупуваат само договорените количини.

Земјоделската комора на Долна Саксонија претпоставува дека значителен дел од компирите наменети за преработка  ќе завршат во хранилиштата  и во постројките за биогас бидејќи повеќето преработувачи сè уште имаат преостанати  количини од минатата година.

Поголеми површини  и пониски приноси како резултат на сушата

Од јуни, пазарните цени се повеќе од преполовени и постојано паѓаат, а има и друг проблем. Имено, Здружението на одгледувачи од северозападна Европа (НЕПГ) објави дека површините на кои се одгледува оваа култура се зголемиле за околу 0,5% во 2020 година.

Само во Германија, одгледувањето на компири бележи раст од  2%, што веројатно ќе има последици за понатамошниот развој на пазарот. Во мај, здружението се надеваше дека ќе има намалување на пререботувачката од 5%. Но, дури и овој очекуван пад не би бил доволен за да се воспостави рамнотежа на пазарот.

Сепак, НЕПГ нагласува: „Главниот фокус е ставен на приносите, а не на површините“. Така сушата, на почетокот на сезоната на вегетацијата би можела да ги ограничат приносите.

Последици од пандемијата

„Оваа година,  факт е дека короната го наруши пазарот“, вели Јоаким Хасберг од Здружението за производство на рани компири во Долна Саксонија во Бургдорф.

„Тука, поради намалената побарувачка од страна на големите ресторани,  продажбата е ниска и го погоди приносот на новата реколта“, вели Торстен Ригерт земјоделец од Долна Саксонија, кој  ги претставува одгледувачите на компири во германската индустриска унија УНИКА.

Вишокот е зголемен и со фактот дека Полска очекува нормална берба  после  две сушни години, така што сигурно ќе нема  потреба да се увезува од Западна Европа.

Намалувањето на цената продолжува

Временските услови и неизвесноста околу продажбата се одразуваат и на цената. Таа продолжува да паѓа, така што трпезниот компир во некои западноевропски земји  се продава по цена од околу 5,50 евра за 100 килограми, во однос на 12 до 15 евра пред два месеци.

Холандската маркетинг организација PotatoNL известува дека цената на трпезните компири паѓа веќе две до три недели и се движи помеѓу 3 и 4 евра на 100 килограми. Додека сточните компири се продаваат за само 2 до 2,75 евра.

Според горенаведеното, европското производство на оваа култура е можеби еден од најголемите губитници во текот на епидемијата од корона вирусот.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:вушок на компириевропски пазаркомпириогромни залихипад на цените
Претходен напис Детално метео: Продолжува нестабилното време
Следен напис Во Австралија, вишокот на пиво го искористиле за производство на енергија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?