Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Огорчените земјоделци го блокираа сообраќајот на белгиско-холандската граница
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Огорчените земјоделци го блокираа сообраќајот на белгиско-холандската граница
Агровести

Огорчените земјоделци го блокираа сообраќајот на белгиско-холандската граница

Објавено 02/02/2024
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Белгиски и холандски земјоделци блокираа неколку гранични премини меѓу двете земји во знак на протест против даночните оптоварувања, зголемените трошоци, евтиниот увоз и бирократијата, објавија утринава белгиските и холандските автоклубови.

Граничниот премин во правец на Антверпен, вториот по големина белгиски град, во кој се наоѓа и второто по големина европско пристаниште, е еден од блокираните премини, се наведува на платформата Х.

Локалните медиуми јавија дека повеќето од демонстрантите се дојдени од Белгија, а некои од нив се Холанѓани.

Во западна Белгија, земјоделците веќе неколку дена ги блокираат камионите да влезат или да излезат од пристаништето Зибриж, што е дел од пристаништето Антверпен-Бриж, а фламанската телевизија ВРТ (VRT) известува дека таму се заглавени речиси 2.000 камиони.

Од истите причини незадоволни се и земјоделците од другите делови на Европа, а протести се забележани и во Германија, Полска, Грција, Португалија и Романија.

Протестите ги открија тензиите околу влијанието врз земјоделството од напорите на ЕУ за справување со климатските промени, како и од отворањето на вратата за евтин украински увоз за да им се помогне на воените напори на Киев.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:блокирааграницаОгорчените земјоделцисообраќајот
Претходен напис Николовски: Со новите мерки поголема поддршка даваме на лозарите за остварено производство на грозје
Следен напис ЦУК: Изминатото деноноќие имало над десетина пожари на отворено
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?