На ден 15.07.2023 год.од страна на шумочуварската служба на подружницата Куманово од Куманово, во делот на с. Белановце во Шумско стопанската единица Црн Врв, оддел 62, затекнато е посечено буково и дабово огревно дрво.
По извршената контрола утврдено е дека дрвата потекнуваат од бесправна сеча и истите се одземени и пренесени во складот на подружницата во Куманово. По целосно утврдување кој е сопственикот на бесправно посечените дрва, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ЈП Национални шуми

