Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одржување на земјоделска механизација во текот на зимата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Механизација > Одржување на земјоделска механизација во текот на зимата
Механизација

Одржување на земјоделска механизација во текот на зимата

Објавено 18/11/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Одржувањето на земјоделската механизација е активност на која треба да се обрне внимание по завршувањето на сите работи на полето. Не е доволно да го паркирате вашиот трактор, комбајн или било која приклучна механизација под настрешница, гаража или уште полошо под отворено небо и да ги оставите до следната работна сезона.

Прво, потребно е да се провери машината, да се увериме дека е во соодветна состојба, а потоа да се исчисти, исуши и подмачка. Овие активности ќе обезбедат влагата што предизвикува корозија да не е во близина на виталните делови на машината, а со тоа да се спречи ‘рѓа на оските, лежиштата и другите подвижни делови, што може подоцна да предизвика дефекти и прекини, материјални трошоци и да ја намали вредноста на вашата механизација.

Најдобар начин за миење на машините е да ги измиете со млаз вода со висок притисок и да исушите некои делови со компримиран воздух. Инвестирањето во компресор и опрема за миење не е голема инвестиција и сигурно ќе се врати брзо преку намалени трошоци за поправка и одржување на механизацијата.

Некои делови од машината се посуштински од другите. На пример, важно е да се отстранат нечистотиите и какво било насобирање слама околу лежиштата. Друга критична точка е резервоарот за жито и местото каде што е поставен моторот. Ова е опасно затоа што сувата слама на тие места следната сезона може да предизвика пожар.

Важно е, во текот на зимата машините да се чуваат под заслон – настрешница или во затворен простор (гаража) – на суво и притоа виталните движечки делови неопходно е да се подмачкаат со препорачаните од производителот масла и мазива.

По подмачкувањето, стартувајте ги машините за да се распореди маслото рамномерно и да се заштитат сите делови на лежиштето. Повремено, во текот на зимата, машините мора да бидат пуштени во употреба или кратко да се стартуваат.

Важни совети

− Ако го оставите хедерот на комбајот, спуштете го на дрвени подлошки за да го намалите притисокот на хидрауличните склопови;

− вметнете ги клиповите на хидрауличните цилиндри на машините за да спречите замрзнување;

− кога чувате машини со погонски ремени, намалете ја затегнатоста на ременот, бидејќи природно ќе се скрати и истегне кога ќе се излади;

− извадете ги синџирите и ставете ги во сад со преработено масло;

− проверете го препорачаниот притисок во гумите и отстранете ги маснотиите и маслото од гумите;

− проверете ги батериите и извадете ги каблите за напојување, дополнете ги со дестилирана вода;

− наполнете го резервоарот за гориво за да спречите кондензација и корозија одвнатре;

− заменете ја водата во системот за ладење со антифриз;

− проверете дали имате гаранција и брошури за услуги, како и упатства за одржување на поновите машини и уреди;

− спречете ги глодарите да пристапуваат до виталните склопови, затворете ги влезовите на системот за вентилација и слични отвори со соодветен материјал или поставете отровни мамки.

Игор Трајковски

АПРЗ

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Агро Геа понуда: Сено – собирач/растурач
(ВИДЕО) АГРО ГЕА: Мини утоварач, одличен за работа на фарма! Можност за плаќање на рати!
Агро Геа: Резервни делови за БАЛИРАЧКИ од брендовите SIPMA, JOHN DEERE, CLASS, WELGER, LIFAM, NH, AMA Scrobatti, MF, IHC и други
Марков: Нема да се одземаат тракторите и приклучната механизација кои се нерегистрирани и без сопственост
(ВИДЕО) АГРО ГЕА: Мини утоварач со носивост 520 кг, одличен за работа на фарма!
Таг:земјоделсказиматамеханизацијаодржување
Претходен напис Стабилно време со утринска магла до среда, а потоа дожд и ветер
Следен напис Поевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?