Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одржлив туризам во фокус: Се одбележа Светскиот ден на туризмот во Галичник
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Одржлив туризам во фокус: Се одбележа Светскиот ден на туризмот во Галичник
АгровестиРурален Развој

Одржлив туризам во фокус: Се одбележа Светскиот ден на туризмот во Галичник

Објавено 30/09/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По повод Светскиот ден на туризмот, денеска во Галичник се одржа работилница за одржлив туризам и влијанието врз локалниот економски развој. Со претставници од општини, единици за локален економски развој, даватели на туристички услуги, локални тур-оператори и бизниси се разговараше за партнерство помеѓу клучните чинители за развој на одржлива туристичка понуда и потребата од соработка со локалната самоуправа во градење капацитети за креирање зелени дестинации. 

Васко Величковски, сопственик на Sherpa Horse Riding, ја промовираше новата туристичка понуда ,,Патеката на Дионис”, која опфаќа јавање коњи во рамки на пет општини од Тиквешкиот регион – Градско, Росоман, Неготино, Кавадарци и Демир Капија. ,,Следејќи ги глобалните туристички трендови, успеавме да создадеме конкурентен и атрактивен производ кој е препознаен од страна на специализирани туристички оператори во активниот туризам. Новиот производ обединува  повеќе мали сместувачки капацитети, производители на традиционална храна, пчеларска фарма и неколку семејни винарии со што се креираат нови економски можности во локалните заедници, особено за младите.”

Иницијативата е развиена со поддршка на Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ. На настанот се обрати и Горан Дамовски, тим лидер на програмата, истакнувајќи дека „Партнерствата се клучни за создавање на сеопфатно туристичко искуство, збогатувајќи ја локалната култура и економија. Одржливиот туризам е заедничка одговорност која бара колективна акција од сите засегнати страни истовремено водејќи грижа за зачувување на животната средина и совесно користење на природните ресурси.

Јадранка Клариќ-Кимовска – сопственик на ,,Wine Berry” и соработник на Sherpa Horse Riding во креирањето на новата туристичка понуда истакна дека станува збор за ново и уникатно искуство кое ги спојува јавањето коњи со дегустација на храна и вина и ја доближува македонската винска приказна до туристите преку создавање нови форми на вински туризам.

Светскиот ден на туризмот се одбележува секоја година на 27-ми септември, со цел да се подигне свеста за важноста на туризмот во поттикнувањето на социјалната, културната, политичката и економската хармонија. Годинешната тема е „Туризмот и мирот“, со акцент на способноста на туризмот да ги премости поделбите и да поттикне меѓусебно почитување.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ГаличникОдржлив туризамСветскиот денТуризмот
Претходен напис Индустриското производство намалено за 3,6 отсто
Следен напис Бензините поевтинуваат за половина денар по литар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?