Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одреден 30-дневен притвор на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство – соопшти Кривичен
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Одреден 30-дневен притвор на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство – соопшти Кривичен
Агровести

Одреден 30-дневен притвор на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство – соопшти Кривичен

Објавено 20/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30-дневен притвор на актуелниот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кој вчера беше фатен, а денеска и формално лишен од слобода и осомничен за примање мито.

Мерката е определена на предлог на Основното јавно обвининителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) кое денеска отвори истражна постапка против државниот службеник.

Како што информираа попладнево од Кривичен, притворот е определен по сите три основи, односно опасност од бегство, можноста од влијание врз сведоци и опасност да го повтори делото.

Претходно од Министерството за внатрешни работи (МВР) и од ОЈО ГОКК соопштија детали во врска со дејствијата што осомничениот директор на Државниот инспекторат за земјоделство ги презел за да изнуди поткуп од 100 000 евра, кој требало да биде исплатен на три рати.

Парите тој ги барал од сопственик на фирма за да овозможи стоката што таа ја увезувала да влезе во земјава, откако претходно била задржана на граничен премин. Образложението на осомничениот, според МВР, било дека стоката има забрана за влез бидејќи не ги исполнува законските услови за увоз. Од ОЈО ГОКК наведуваат дека осомничениот во периодот од 5 март до вчера директно ги барал парите, притоа вршејќи притисок врз службени лица да не му се одобри увоз на стока на правното лице, иако таа многупати претходно била увезувана.

Посредник во примопредавањето на парите требало да биде шпедитерот на стоката.

„Како оправдување на шпедитерот му било истакнато дека стоката што требало да се увезе не е во согласност со законските прописи. Како резултат на притисоците, стоката повеќе денови стоела на граничен премин, па откако оштетениот побарал образложение за забраната, осомничениот започнал дејствие на барање поткуп“,велат од ОЈО ГОКК.

На 13 март бил одобрен влез за стоката на друг граничен премин, а осомничениот на средба со шпедитерот и оштетениот увозник директно побарал поткуп за одобрениот увоз и за идните увози, при што побарал првата рата од 50 000 евра да му биде дадена до вчера, а останатите две рати во деновите што следат.

Откако оштетениот ги предал парите на шпедитерот, тој вчеравечер се сретнал со осомничениот и извршил примопредавање на парите, по што директорот на Државниот инспекторат за земјоделство бил лишен од слобода од страна на полициските службеници.

Васе Анакиев беше именуван за в.д. директор на Државниот инспекторат за земјоделство во јули 2024 година.

Тој е потпретседател на Социјалистичката партија на Македонија (СПМ), која е дел од владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Може да ви се допадне

Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
Таг:митоОЈОпритворшпедитор
Претходен напис Во тек откупот на македонското јагне, откупната цена се движи од 260 до 280 денари
Следен напис Уживајте во денешното сонце – од понеделник голем пресврт
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?