Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одложено поместувањето на Охридскиот регион на Листата светски културни и историски наследства во опасност на УНЕСКО
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Одложено поместувањето на Охридскиот регион на Листата светски културни и историски наследства во опасност на УНЕСКО
Агровести

Одложено поместувањето на Охридскиот регион на Листата светски културни и историски наследства во опасност на УНЕСКО

Објавено 10/07/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Париз на денешната расправа донесе одлука да се одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност.

Охрид и државата добија уште една година да исполнат низа задолженија и да постапат по препораките нотирани во претходните извештаи на Реактивните мониторинг мисии, за што ќе треба до УНЕСКО да достават извештај до 1 февруари наредната година.

Претходно Владата ги задолжи сите членови на македонската делегација во Париз заеднички да поднесат амандман за повлекување на Нацрт-одлуката на Комитетот, со која се предлагаше регионот да биде ставен на листата на загрозени богатства.

Инаку, во нацрт-одлуката за стасусот на Охридскиот регион беа посочени забелешките наведени во реактивната мониторинг мисија од минатата година, во која се потврдени наодите од претходните мисии, со заклучок дека кумулативните и тековните влијанија – вклучувајќи го тука урбаниот развој, недостатоците во просторното планирање, несоодветните интервенции, еутрофикација на езерото, големите инфраструктурни и други проекти – предизвикале сериозно нарушување на клучните атрибути на заптитеното подрачје, што довело до неповратна деградација.

Дел од експертите отворено го поддржуваа поместувањето на регионот на Листата светски наследства во опасност, со уверување дека тоа е вистинскиот начин да се натераат државата, институциите, општините засилено да се ангажираат во насока на исполнување на препораките за надминување на проблемите што доведоа до сегашната ситуација.

Во координација со Локалната самоуправа екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ се спроведе акција за чистење на плажите на потегот меѓу автокампот „Љубаништа“ и реката Черава.

Триесет и девет организации и една европска мрежа со 15 организации-членки, преходно доставија писмо до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со барање за усвојување на нацрт-одлуката за впишување на Охридскиот Регион во Листата на светски наследства во опасност.

Драгана Велковска од Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ коментирајќи ја денешната одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО за МИА истакна дека се работи за уште една чисто политичка одлука.

– Комитетот повторно одлучи да ги игнорира експертите и да го награди непочитувањето на Конвенцијата со уште една шанса. Со тоа ги предаде своите основни принципи и активно ја поткопа самата суштина на Конвенцијата за светско наследство која има должност да ја спроведува, рече таа.

Според неа, носењето политичка одлука третпат по ред е преседан за Охридскиот УНЕСКО Регион. Откако Регионот е прогласен за УНЕСКО наследство никогаш во над 40 години историја не се случило три последователни експертски мисии по ред да алармираат дека Охридскиот регион де факто е светско наследство во опасност и уништувањето само повеќе се интензивира, а Комитетот тоа да го игнорира.

– Слушањето лобисти наместо експерти само охрабрува нови деструктивни активности, како што потврди и Мисијата од 2024 година. Со носење политички наместо експертски одлуки се праќа порака до владите дека немаат одговорност  веднаш да ги запрат, откажат и повлечат сите тековни и планирани деструктивни проекти, и да покажат вистинска посветеност кон обновата на Исклучително универзалната вредност на Охридскиот регион. А тоа е тежок пораз, не само за Македонија, туку и за светот, истакна таа. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Одложено поместувањетоОхридскиот регионУНЕСКО
Претходен напис Тарт од тиквици
Следен напис Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побаран притвор за две лица кои нападнаа новинарска екипа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?