Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одгледувањето пченица во Шведска достигнува рекордни нивоа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Одгледувањето пченица во Шведска достигнува рекордни нивоа
Агровести

Одгледувањето пченица во Шведска достигнува рекордни нивоа

Објавено 12/06/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според официјалната статистика и проценките, земјоделците во оваа земја посеале 518.600 хектари од оваа житарка, пишува Farmer..

Податоците од земјоделската управа Јордбруксверкет покажуваат дека површината е зголемена за 55.700 хектари односно 12 отсто. Споредено со 2022 година, засеани се околу 468.300 ха зимска и 50.300 ха пролетна пченица.

Според првите проценки за 2023 година, површината на земјоделско земјиште во Шведска изнесува речиси 3 милиони ха, од кои речиси 2,5 милиони хектари се обработливи, а над 457.000 ха се пасишта. Јордбруксверкет објави дека житарките и фуражните култури се одгледуваат на повеќе од еден милион хектари, што одговара на околу 71 отсто од вкупната земјоделска површина.

До крајот на шеесеттите години на минатиот век, доминантна житарка беше овесот, а потоа јачменот. Во последните десетина години примарното место го зазеде пченицата. За годинешната реколта под јачмен се околу 272.000 ха, додека овесот е на 149.900 ха, што е намалување за 8.500 ха во однос на претходната година.

Се зголемуваат и површините под маслодајна репка. Во однос на 2022 година, тие се зголемени за повеќе од еден процент, односно на 128.900 ха.

Овогодинешната површина за одгледување на оваа култура е најголема од 1965 година, кога почнаа мерењата на обработливите површини.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пченицашведска
Претходен напис (ФОТО) Под покровителство на Општина Дојран се одржа традиционалниот фестивал на храна, обичаи и култура, „Дојран Гурман Фест“
Следен напис Игры и бонусы казино Пинко в 2026 году
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?