Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одгледување на тиквички
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Одгледување на тиквички
Растително производствоСовети

Одгледување на тиквички

Објавено 30/09/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

При одгледувањето на тиквички многу е важен фактот дека не е препорачливо тие да се садат на површина на која предходно биле садени култури од фамилијата тикви, бидејќи често имаат заеднички штетници и болести кои во тој случај уште повеќе се развиваат.

Тиквичките брзо растат, имаат сочни плодови па затоа треба да има многу влага и хранливи состојки во почвата. Во лето и за време на сушните периоди потребно е да се обезбеди доволо вода за да се осигура рамномерен развој на плодот и доволна количина на хранливи материи во растението. Тиквичките се големи потрошувачи на хранливи материи, па важно е да им се обезбеди плодна почва.

Во фазата на растење се користат ѓубрива богати со кислород, а оние богати со фосфор и калиум потикнуваат создавање на цветови и плодови. Се препорачува прихрана на секои десет дена и тоа во вечерните часови кога порите на листот се отворени за да можат да ги впијат ѓубривата.

На тиквичките многу им одговараат природни ѓубрива од компост и лековити растенија, особено од гавез и коприва. Окопувањето на младите растенија после никнувањето е исто така од голема важност за растресување на почвата и заштитата од коров. Подоцна се препорачува мулчирање. Земјата така ќе остане растресена и подобро ќе се задржува влагата, а плодовите и листовите нема да лежат на почвата и ќе бидат помалку склони кон болести.

Со редовно берење се зголемува приносот на младите растенија и се поттикнува создавањето на нови плодови. Добро прихранетото растение со редовна берба може да даде 20-30 плодови, а тоа може да значи принос од 20 – 40 тони од хектар. Се бере со нож или со ножици.

При одгледување на отворено, тиквичките се берат од почетокот на јули до крајот на август во континенталните подрачја, а во медитеранските подрачја, бербата почнува околу 2 недели порано. Ако ластарите и лисјата се здрави, може да се берат до 2 месеци. Се пакуваат во плитки гајби до 5 кг или во картонски кутии. Ако е потребно можат да се чуваат на температура од 10 °C и 95 % релативна влажност на воздухот најмногу една недела.

Извор: Аgroportal.hr

Може да ви се допадне

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Таг:Градинарствоодгледување на тиквичкитиквички
Претходен напис Во следните денови, значително затоплување на времето, особено за викендот
Следен напис РСБСП со апел: Возачи, внимавајте на тракторите и другите мобилни машини!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?