Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одгледување на сончоглед – Избегнувајте ги грашокот, сојата, гравот и шеќерната репа како предкултури
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Одгледување на сончоглед – Избегнувајте ги грашокот, сојата, гравот и шеќерната репа како предкултури
Растително производство

Одгледување на сончоглед – Избегнувајте ги грашокот, сојата, гравот и шеќерната репа како предкултури

Објавено 29/06/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сончоглед (Helianthus annuus ), едногодишно растение чие име потекнува од големите цветови со дијаметар од 15 до 45 см и облик во форма на сонце, растение со многу специфична навика да цветовите се вртат кон сонцето. Пренесен од Америка во Европа во 16 век, оваа култура денес е една од најодгледуваните за производство на сончогледово масло, кое е едно од најраспространетите рафинирани масла за јадење. Денес се одгледува на големи површини во САД, Русија, Франција, Германија, а кај нас е застапен во Пелагонија, Повардарието, Струмичко, Штипско, во Скопскиот регион и во Полог.

Сончогледот е пролетна култура, што значи дека производниот циклус започнува на пролет, завршува на есен и трае само 100 до 150 дена во зависност од сортата и технологијата.

Тоа е отпорно растение на суша, односно е прилагодено на нашата клима.

Со соодветна технологија на производство се постигнуваат високи приноси, а содржината на маслото во семето е од 50% до 54 %.

За сеидба на 1 хектар потребни се 5 до 10 кг. семе.

Достапност на цел сет земјоделска механизација во текот на целиот процес на производство.

Почва

Сончогледот не успева на кисела, мочурлива и премногу солена почва, а успева на почви со неутрална или малку алкална реакција. Како предкултури за сончогледот прифатливи се житата као и пченката, а се препорачува да се избегнуваат грашокот, сојата, гравот, шекерната репа. Треба да се избегнува сеење на сончогледот на исто место неколку години по ред, бидејки ова растение за 1 година го впива максималниот износ на сите минерали, па поради ова се препорачува оптимален период на пауза од 3 до 4 години.

Треба да се води сметка и за количината на водата во почвата. Сончогледот не милува почви со големи количини на вода. Сеидбата на оваа култура може да започне кога температурата на воздухот е најмалку 10 степени Целзиусови, при што семето брзо се разива и се зголемува ‘ртењето. Ако се сее порано и на ладна почва, семето нема да изрти и ќе дојде до разредување. Сатндардната длабочина на сеењето е од 4 до 6 см , во подрачја со сува клима се сее подлабоко меѓу 6 и 10 см, а на глинести почви со многу влага меѓу 5 до 6 см длабочина. Сеењето на сончогледот се врши во редови од 70 см со што се овозможува рачно плевење и обезбедување на секое растение доволна површина за хранење. Кореновиот систем на сончогледот користи вода која е недостапна за другите растенија бидејќи продира до поголема длабочина. На ова растение му треба влага во сите фази на раст и развој. Растението нерамномерно ги користи хранливите материи.

Пред да цвета, кога коренот и надземниот дел на растението активно растат, се троши многу азот и фосфор. Калиумот му е потребен на сончогледот во текот на целата фаза на раст и развој и особено пред да почне да цвета.

Азотот го подобрува растот, фосфорот е важен до почетокот на развивање 4 пара лисја, калиумот е значаен за формирање на зрната и го зголемува приносот, а борот се внесува со помош на ѓубрива и е значаен во доцните фази од развојот на растението. Плевелите се сериозен проблем, затоа ова растение треба да се плеви најмалку трипати.

Берба

Бербата на сончогледот започнува кога задниот дел од питата пожолтува, бојата на семето ќе добие стандарден интензитет за сортата. Тое е во месец август кога и питите поради својата тежина висат на растението. Од 1 хектар може да се добие 1,5 до 3,5 тони сончоглед.

АПРЗ РЕ Скопје Дипл. инг. агр. Владимир Пинзовски

Може да ви се допадне

Турција воведува квота за увоз на сончоглед и сончогледово масло
(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Таг:сончоглед
Претходен напис Од Република Српска вратена пратка од 19,5 тони банани од Еквадор
Следен напис ЕБОР ја зголеми прогнозата за економски раст на РСМ на четири проценти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?