Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одгледувачите на живина во Франција стравуваат од птичјиот грип и увозот на евтиното украинско пилешко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Одгледувачите на живина во Франција стравуваат од птичјиот грип и увозот на евтиното украинско пилешко
Агровести

Одгледувачите на живина во Франција стравуваат од птичјиот грип и увозот на евтиното украинско пилешко

Објавено 12/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Франција стравуваат дека новиот бран птичји грип ќе остане присутен засекогаш. Причината за ова е што ветровитите карпи на островот Роузик се преполни со морски птици.

Ова лето, на францускиот брег на Атлантикот се случил несезонски бран и значително го намалил нивниот број, наведува Ројтерс.

Оправданите стравувања дека грипот може да остане ризичен во текот на целата година и да стане ендемски за дивите животни се засноваат на поморот на илјадници морски птици долж западниот брег на Франција.

Тоа претставува опасност за живинарската индустрија, која е втора по големина во Европската Унија. Таа веќе трпи големи загуби, бидејќи овој сектор беше принуден да уништи повеќе од 19 милиони живина поради појавата на грип.

Покрај тоа, француските живинари укажуваат дека увозот на пилешко месо од Украина е зголемен како резултат на укинувањето на прилагодените царински давачки на ЕУ. Тие побарале испораките веднаш да се прекинат.

Во јуни, Унијата накратко ги укина царините за да и помогне на земјата разорена од војната и ги суспендираше квотите за украинската земјоделска стока. Ова вклучуваше 70.000 тони живина од оваа земја годишно и предизвика зголемување на увозот за 54 проценти. Вкупната количина за 2022 година се предвидува на 130.000 и 180.000 тони. Цената на месото од увоз е речиси 50 отсто пониска од онаа на домашното производство.

Увозот дополнително беше поттикнат од падот на домашното производство. За 122 отсто пораснал и увозот од Бразил, од каде пристигнува поевтина стока.
Сето ова доаѓа како шок за секторот во Франција, кој веќе е погоден од птичји грип и скапи инпути, особено трошоците за житарки и зголемените цени на енергијата.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пилешко месоПтичји грипукраина увозФранција
Претходен напис Колку долго живеат поедини овошки и колку долго раѓаат? Еве ги одговорите
Следен напис Украинските земјоделци веројатно ќе ја намалат зимската сеидба за 30 отсто
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?