Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одбележување на Меѓународниот ден на руралните жени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Одбележување на Меѓународниот ден на руралните жени
Агровести

Одбележување на Меѓународниот ден на руралните жени

Објавено 15/10/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Националната федерација на фармери со поддршка на Шведската организација за развој We Effect денеска во Дојран ќе го одбележи Меѓународниот ден на руралните жени.

Најавени се обраќања на претседателот на Националната федерација на фармери Стеванче Јорданоски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и директорката на We Effect за Латинска Америка, Европа и Палестина, Пиа Ставас Мајер.

Ќе се одржи и панел дискусија на тема „Родова еднаквост во руралните средини – предизвици и можности“, на која ќе учествуваат Билјана Петровска-Митревска, проектна менаџерка во Националната федерација на фармери, Дарко Тишовски од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, земјоделките Вангелина Пармачка и Лидија Богдановска, како и Фадрије Мустафовска, претседателка на Здружението „Радика Де“.

Во рамки на панел-дискусијата ќе биде презентиран регионалниот извештај „Преглед на положбата на руралните жени во земјите од Западен Балкан“, кој нуди сеопфатен увид во состојбата и елаборирање на предизвиците и можностите за унапредување на положбата на жените во руралните средини низ регионот.

Ќе бидат доделени и благодарници за успешна млада земјоделка од рурална средина, за три успешни операторки за храна, за активистка која со години го подига гласот на руралните жени и е долгогодишна членка на Националната федерација на фармери, како и благодарница за заложба и борба за еднакво општество без сиромаштија.

На настанот ќе биде претставена и новата регионална координаторка на Мрежата на НФФ за жените фармери.

Меѓународниот ден на руралните жени беше назначен во 1995 година на 4. Светска конференција за жени во Пекинг, а беше прогласен за официјален ден во 2007 година од страна на Генералното собрание на ОН.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Меѓународниот денОдбележувањеруралните жени
Претходен напис УХМР: Облачно време со сончеви периоди, попладне со услови за слаб локален дожд
Следен напис Соопштение за обука и полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун за кандидати кои исполнуваат услови согласно Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?