Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одбележан светскиот ден на ветеринарната медицина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Одбележан светскиот ден на ветеринарната медицина
Агровести

Одбележан светскиот ден на ветеринарната медицина

Објавено 26/04/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По повод одбележувањето на Светскиот ден на ветеринарната медицина, вчера на 25.04.2025 година во хотел Континентал во Скопје, Ветеринарната комора на Р.Македонија одржа состанок со своите членови со учество на Националниот координатор за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика при Владата на Р.Македонија д-р Верче Мицевска и државниот советник за храна при Агенцијата за храна и ветеринарство д-р Светлана Колариќ.

На состанокот се дискутираа клучните предизвици со кои се соочува ветеринарната професија и изнаоѓање на соодветни решенија.

ДЕКЛАРАЦИЈА

за статусот и иднината на ветеринарната медицина во Република Македонија

Ние, членовите на Ветеринарната комора на Република Македонија, изразуваме сериозна загриженост за актуелниот статус на ветеринарната медицина во нашата држава и укажуваме на потребата од итни и суштински реформи и поддршка за одржлив развој на оваа професија со критична улога во заштитата на здравјето на животните, безбедноста на храната и јавното здравје.

1. Значењето на ветеринарната медицина во општеството

Ветеринарната медицина претставува мултидисциплинарна дејност која опфаќа:

Клиничка пракса и дијагностика;

Превенција и контрола на заразни болести;

Обезбедување на безбедна и квалитетна храна од животинско потекло;

Придонес во зачувувањето на јавното здравје преку борба со зоонози, концепт ЕДНО ЗДРАВЈЕ

2. Постигнувања и предизвици

Благодарение на стручноста и ангажманот на ветеринарно-здравствените работници, доктори по ветеринарна медицина и ветеринарни техничари:

Република Македонија не е зафатена од сериозни епидемии кај животните;

Не се регистрирани значајни случаи на небезбедна храна;

Навремено се преземаат мерки за болести како африканска свинска чума, син јазик, чума кај малите преживари, беснило, бруцелоза и тн.

Фармерите добиваат стручна поддршка и сервис во секојдневната работа.

И покрај ова:

Ветеринарната професија е најнископлатена меѓу високообразованите професии во државата (според податоци на ДЗС);

Во државата функционираат три факултети за ветеринарна медицина, кои заедно произведуваат помалку од 10 дипломирани студенти годишно;

Околу 50% од докторите по ветеринарнa медицина се вработени во јавниот сектор, што ја ограничува можноста за развој на приватната ветеринарна пракса;

Општествената перцепција за улогата на ветеринарите останува недоволно развиена.

3. Апел до институциите

Со оваа декларација бараме:

Препознавање и афирмација на значењето на ветеринарната професија во националната политика за јавно здравје, земјоделство и храна;

Финансиска и институционална поддршка за развој на ветеринарната дејност;

Стимулација на млади кадри за студирање и професионален развој во ветеринарната медицина;

Јакнење на капацитетите на Ветеринарната комора и соработка со сите засегнати страни во креирањето на стратешки политики.

ЗАКЛУЧОК:

Ветеринарната медицина е витален дел од јавното здравје, безбедноста на храната и економијата. Препознавањето и развојот на оваа професија не е само стручна обврска, туку и општествена потреба. Повикуваме на итно дејствување за зачувување и зајакнување на оваа есенцијална гранка во интерес на сите граѓани на Република Македонија.

Може да ви се допадне

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане
Засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај во Охрид по повод посетата на индиската претседателка
Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив и опрема на плажите
Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена, отворена истрага против три лица
ЦУК: Повеќето пожари во Скопскиот регион се ставени под контрола, интервенции се уште траат на три локации
Таг:ветеринарната медицинаОдбележансветскиот ден
Претходен напис НАЈК ПРОМ ДООЕЛ: Висококвалитетни Расадосеалки од полскиот производител AGRO-OSEK
Следен напис Трипуновски: Историски највисока исплата на субвенции од 40 милиони евра за тутунарите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?