Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од утре во наредните 14 дена се затвораат сите училишта, градинки и факултети во Македонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од утре во наредните 14 дена се затвораат сите училишта, градинки и факултети во Македонија
Агровести

Од утре во наредните 14 дена се затвораат сите училишта, градинки и факултети во Македонија

Објавено 10/03/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На денешната седница, Владата ги усвои следниве мерки:

❗️ Да се прекине воспитно-образовниот процес и настава во сите детски градинки, основни и средни училишта на територијата на целата земја во наредните 14 денови.

❗️ Да се ослободат вработените од работните обврски во овие институции.

❗️ За еден родител до 10годишна возраст на децата – ќе се дозволи отсуство од работа кое ќе биде целосно платено во јавните и приватните институции, исто така во следните 14 дена.

❗️ Понатаму се прекинува наставната дејност, процесот во високо-образовните установи на територија на целата држава, како и во јавните научни институти.

❗️ Се забрануваат масовни собири и настани на отворен и затворен простор со над 1000 учесници на територија на цела земја во наредните 14 дена, а се препорачува да се откажат и да не се организираат и настаните под оваа бројка.

❗️ Се забранува одржување на спортски натпревари со публика во периодот од следните 30 дена на територија на цела држава.

❗️ Се воведува задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средно-ризични држави во период од 14 дена согласно листата на држави која ја објавува СЗО, а таа секојдневно се надополнува.

❗️ Се забранува извоз на медицинска опрема, медицински средства и материјали од страна на економските оператори и производители од РСМ, а во врска со тоа што може да биде потребно за третман на овие пациенти со корона, тоа се вентилатори, респираторни машини, заштитни маски и материјали, за што ќе имаат сите економски оператори соодветна листа, освен со посебна дозвола од Министерството за здравство.

❗️ Препорачуваме на возрасните и повисоко ризични категории на граѓани со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз.

❗️ Се препорачува избегнување на патување во земјите кои се со висок и среден ризик.

❗️ Понатаму од Државната изборна комисија, вработените во ЈЗУ кои се ангажирани за потребите на изборниот процес истите да ги ослободи од натамошното учество заради тоа што има некои обуки од Државната изборна комисија и тие да бидат заменети со други лица.

❗️ Физичките и правните лица што нема да ги почитуваат или ќе ги прекршат препораките ќе бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

❗️ Воведуваме health locator карта за сите авио линии и сите авио превозници, тоа е нешто што важеше досега за авионите од Северна Италија.

❗️ Се забранува организирање меѓународен автобуски превоз со автобус, комбе или минибус кон високо – ризичните земји од и кон Република Северна Македонија.

❗️ Се зајакнува присуството на волонтерите на Црвениот крст на Република Северна Македонија во соработка со Министерството за здравство на сите гранични премини.

Апелирам граѓаните да ги применуваат мерките за превенција коишто се упатуваат од Министерството за здравство.

❗️ Упатуваме препорака од страна на Владата до сите органи на државната управа, до единиците на локална самоуправа и до приватните компании за времен прекин на работните обврски, односно неодење на работно место на бремените жени и хронично болните лица. Владините институции ги прекинуваат сите организирани настани, конференции, патувања. Во сите државни институции со помош на Службата за општи и заеднички работи ќе бидат дистрибуирани средства за дезинфекција. Сите овие мерки ќе бидат објавени на веб страната на Министерството за здравство, на Институтот за јавно здравје и на Владата на Република Северна Македонија.

Може да ви се допадне

Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
Таг:забранакомисијаофицијално
Претходен напис Исплатени субвенциите за пчеларите
Следен напис Од среда затоплување на времето
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?