Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од утре до 18 септември ќе трае повик за близу 9 милиони евра од ИПАРД, одобрените инвестиции мора да се реализираат до 31 мај!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Од утре до 18 септември ќе трае повик за близу 9 милиони евра од ИПАРД, одобрените инвестиции мора да се реализираат до 31 мај!
Фондови

Од утре до 18 септември ќе трае повик за близу 9 милиони евра од ИПАРД, одобрените инвестиции мора да се реализираат до 31 мај!

Објавено 03/08/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски денеска на прес конференција по брифингот со новинарите го најавија последниот повик од ИПАРД 2 програмата, што утре ќе го објави Платежната агенција.

-Вкупно 8,8 милиони евра ќе изнесува финансиската поддршка на последниот ИПАРД 2 повик што ќе биде објавен утре. Крајниот рок за поднесување на барањата е 18 септември 2023 година, а инвестициите што ќе бидат одобрени, мора да се реализираат до 31 мај, рече Николовски.

Последниот повик од ИПАРД 2 се однесува на мерката 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рубни производи. Новите инвестиции би биле за млеко и млечни производи, месо и преработки од месо, вклучувајќи јајца и живина, овошје и зеленчук, житарки, мелнички и растителни производи, масла и животински масти ,вино, оцет…

Финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна помош (грант) во иснос од 50 отсто од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.

-Сите македонски компании од агросекторот треба да се потрудат да подготват добри, издржани апликации. Во оваа насока, во август министертсвото ќе организира неколку состаноци овој месец со сите потенцијални апликанти, најави Николовски.

За повеќе информации околу повикот и подготовка на апликации можете да се обратите во #КанцеларијаАгротим на телефонските броеви – 070/ 267- 789, 071/ 285- 385, 071/ 225 – 345.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Таг:економијаипардЉупчомзшвнајновониколовскиплатежна агенцијасубвенции
Претходен напис Дизелот поскапува, цената на бензините останува иста
Следен напис Пријавено труење со храна во детско одморалиште во Охрид, информира за МТВ директорот на АХВ, Бабовски
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?