Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од Србија тргна извозот на 4.000 тона брашно за Македонија и Црна Гора
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Од Србија тргна извозот на 4.000 тона брашно за Македонија и Црна Гора
Пазари

Од Србија тргна извозот на 4.000 тона брашно за Македонија и Црна Гора

Објавено 26/03/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Извозот на брашно од српските мелници тргна за Македонија и Црна Гора, а се очекува одредени количини да бидат испорачани и во БиХ и Албанија, изјави директорот на Здружението „Житоунија”, Здравко Шајатовиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, наведените држави се најголеми купувачи на брашно од Србија, а испораките запреа кога привремено беше воведена забраната за извоз на основните прехранбени производи заради пандемијата со коронавирусот.

-Првите испораки тргнаа од пред четири дена и се одвиваат добро, со мали застои, како што се проблеми со камионите и возачите, кои се решеваат во движење. Очекуваме до сабота повеќе од 4.000 тони брашно да бидат извезени, што е одличен биланс, бидејќи некои од нашите мелници имаа преголеми залихи, а некои, поради оваа причина беа пред затварање, изјави Шајатовиќ за „Политика”.

Тој оцени дека Србија има доста залихи и нема проблем да ги задоволи потребите на домашниот пазар, како и дека ослободувањето на извозот е добар потег што ќе ја подобри ликвидноста на овој сектор кој претрпе голема загуба, најмногу поради воведување такси и прекин на испораката на брашно на Косово.

Со привремената Одлука за забрана за извоз на основните прехранбени производи поради коронавирусот и воведената вонредна состојба, српската Влада излезе во пресрет на барањата на земјите во регионот, пред сé на барањата на Македонија, БиХ и Црна Гора за извоз на брашно во тие земји, донесувајќи посебна одлука со која е дозволен извозот на брашно од пченица во овие држави.

МИА

Може да ви се допадне

Србија прогнозира раст на жетвата на пченица од 4,5 проценти
Во февруари најмногу странски туристи од Турција, Грција, Србија и Германија
Српските земјоделци ќе плаќаат гориво по пониски цени
Во Србија нема појава на птичји грип, соопшти Министерството за земјоделство
Словенија пронашла сорбинска киселина во суво овошје од Србија
Таг:брашноизвокоронаКосовосрбија
Претходен напис Влада: Уредба со законска сила за примена на Законот за земјоделско земјиште
Следен напис Земјоделци, ова се насоките за движење во полициски час
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?