Денес попладне и во вечерните часови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен јужен ветер (и над 60 км/час), најизразен вдолж Повардарието и во источните делови од земјата.
Преку ноќта ветерот ќе започне да се менува во северен и повремено ќе засилува вдолж Повардарието.
Од понеделник ќе преовладува претежно облачно време со пообилни врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе надминуваат 20 л/м2 .
На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег, информираат од УХМР.
Во вторник поради спуштање на постудена воздушна маса ќе настапи заладување со засилен северен ветер, а врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои пониски места.
На планините и на некои од повисоките места ќе се формира нова снежна покривка.

