Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите
Агровести

Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите

Објавено 31/01/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од понеделник фирмите ќе може да аплицираат за парите од унгарскиот кредит. Формалностите денеска се завршени. Развојната банка ги потпиша договорите со комерцијалните банки и не постојат пречки за бизнисот да ги користи 250 те милиони евра. Парите нема да можат да се користат за рефинансирање на постоечки кредити, туку само за нови проекти. Според министерката за финансии , државата ќе има увид кои компании и од кој сектор ќе земаат од евтиниот кредит, а ризикот за клиентите паѓа на банките. 

Ризикот е кај банките, тие одлучуваат на кого ќе дадат кредит и дали тие компании имаат издржани планови, државата не презема ризик. Во тој дел државата не може, ниту има право да се меша, изјави денеска Димитриеска-Кочоска, миниситер за финансии.

Премиерот очекува со овие пари да се подржат домашните компании кои ќе генерираат раст. Бенефит од тоа ќе имаат и граѓаните и државата.

Нас ни е потребен драјвер за повисок раст на БДП. Економијата да расте со поголеми проценти, вработените да земаат повисоки плати, стандардот да биде поголем, да си ги задржиме луѓето дома, изјави премиерот Христијан Мицскоски.

Компаниите ќе можат да земат најмногу 10 милиони евра кредит, и треба да имаат 20% сопствено учество. Првите три  години е  грејс период , а за следните 12  камата изнесува 1,95 отсто.

Може да ви се допадне

Од пораз до сигурен профит: Време е за менување на навиките во земјоделството
Започна жетвата на оризот, рачно, со срп и со вршидба на гумно
Кобила се ождреби на сред улица во скопски Карпош
Британските фарми погодени од епидемија на син јазик
Серафимовски: Го заокружуваме системот за одговорно управување со ловиштата
Таг:париунгарски кредит
Претходен напис Трипуновски: МЗШВ работи со јасна визија Македонија да стане извозник на земјоделски производи
Следен напис Минималната плата да биде 31.500 денари без зголемување на придонесите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?