Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од полноќ нови цени на горивата, по одлуката на Владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од полноќ нови цени на горивата, по одлуката на Владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто
Агровести

Од полноќ нови цени на горивата, по одлуката на Владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто

Објавено 23/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да донесе нова одлука за цената на горивата што ќе важи од полноќ до следниот вторник, по вчерашна одлука на Владата за намалување на данокот на додадена вредност од 18 на 10 отсто.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера оцени дека согласно случувањата на нафтените берзи се очекува РКЕ  да донесе одлука за ново поскапување на дизелот од 10,5 денари по литар, како и за зголемување на цените на безоловните горива за 6 денари. Поради тоа, како што рече, Владата на вонредна седница донесе одлука да се намали данокот на додадена вредност (ДДВ) на бензините и дизел горивото од 18 отсто на 10 отсто.

Одлуката, како што потенцира, стапува во сила од вечер на полноќ и ќе важи во наредните две недели.

– Очекуваме дека одлуката на РКЕ би била зголемување на бензините 95 и 98 октани од 86,5, односно 88,5 денари на 93 односно 95 денари, а на дизел горивото од 92 на 102,5 денари. Како одговорна Влада што се грижи за стандардот на граѓаните, но и целокупната состојба на државата, денеска на Владина седница донесовме одлука да се намали данокот на додадена вредност на бензините и дизел горивото од 18 отст на 10 отсто. Доколку ова се земе во превид тогаш очекуваме цената на бензините да остане иста односно непроменета, а цената на дизелот да се зголеми околу 3,5 денари по литар, рече вчера премиерот Мицкоски.

Нагласи дека ОКТА како најголем снабдувач веќе има даде попуст од 2 денари по литар на трговците со нафтени деривати поради што горивата на најголем дел од бензинските пумпи во земјава се продаваат по цена пониска за два денара од максималната цена што ја определува РКЕ.

Порача дека очекува оти во текот на утрешниот ден министерката за енергетика, минерални суровини и рударство Сања Божиновска ќе разговара со директорот на ОКТА да се зголеми овој попуст, односно рабат коишто тие го даваат на трговците коишто се нивни корисници.

-Со тоа очекувам во суштина да имаме пониска цена од оваа максималната којашто ја определува РКЕ што би била за до 3 денари пониска во делот на бензините 95 и 98 октани, а за дизел горивото отприлика да немаме зголемување на цената којашто и досега беше 92 денари, рече вчера Мицкоски и нагласи дека очекува РКЕ да ја има предвид оваа одлука на Владата и оти нема значително да ја зголеми цената на бензините, туку ќе се движи во рамки на пресметките согласно вообичаената методологија.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:гориватаДДВполноќ
Претходен напис На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег
Следен напис Светски ден на метеорологијата: Македонското земјоделство веќе ја живее климатската криза
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?