Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Од нива до трпеза – сè од нашата општина“, промоција на македонски производи во Скопје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Од нива до трпеза – сè од нашата општина“, промоција на македонски производи во Скопје
Агровести

„Од нива до трпеза – сè од нашата општина“, промоција на македонски производи во Скопје

Објавено 14/06/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Околу 250 излагачи од над 30 општини, земјоделски задруги и здруженија, промовираат домашни производи со цел зајакнување на врската меѓу руралните и урбаните заедници како дел од манифестацијата „Храна од општините“ под мотото „Од нива до трпеза – сè од нашата општина“, што се одржува денеска во Скопје во организација на здружението „Наша традиција, наша иднина“, а со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Посетителите на манифестацијата имаа можност да дегустираат автентични производи од секоја општина, да се запознаат со занаетчиски изработки и да се поврзат директно со производителите. Целта е да се промовира традиционалната македонска храна, карактеристична за секоја општина, како и убавините на нашиот рурален туризам.

Премиерот Христијан Мицкоски во  обраќање на манифестацијата ја истакна важноста на земјоделството како темел на националната економија и иднина.

-Денес сме тука да ја испратиме силната порака дека македонската земја храни, дека македонската трпеза има иднина, и дека македонскиот народ се потпира – и ќе продолжи да се потпира – на трудот, знаењето и љубовта со кои нашите земјоделци ја обработуваат земјата. Манифестацијата „Од нива до трпеза“ не е само пазар или саем. Таа е симбол на цел еден синџир кој започнува со утринската роса на македонските полиња, продолжува низ потта на земјоделецот, преку вештината на преработувачот, до вкусот кој го чувствуваме во секое домашно јаболко, секое сирење, секој домат од македонска земја, рече Мицкоски. 

Тој потенцираше дека земјоделството е стратешки приоритет на Владата, нагласувајќи дека во изминатите 11 месеци се исплатени над осум милијарди денари во субвенции и финансиски поддршки кон земјоделците.

-Ова не се празни зборови, ова се конкретни дела. Ова се податоци кои говорат за еден нов пристап, нова енергија и јасна визија: да го подигнеме агросекторот, да ги мотивираме младите, да ја дигнеме довербата на земјоделецот, изјави премиерот, повикувајќи ги граѓаните да ја поддржат домашната продукција со купување македонски производи.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, ја нагласи улогата на руралните средини како чувари на македонскиот идентитет и ги повика граѓаните да го поддржат домашното производство.

-Руралните средини не се само извор на храна, туку и чувари на нашата култура, традиција и идентитет. Затоа министерството посветено работи за да обезбеди достапна, квалитетна и безбедна храна за сите граѓани. Денешниот настан е доказ дека интересот за промоција на македонските производи е огромен, рече тој.

Воедно, ги повика граѓаните да „бидат горди амбасадори на македонските земјоделски производи“, затоа што, како што рече „кога ќе одберете домашен производ, кога ќе ја поддржите локалната економија, вие инвестирате во иднината на нашите села и нашите општини. Тоа е чин на патриотизам, но и на економска мудрост“.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митевски, истакна дека фестивалот е симбол на почит кон трудот на земјоделците, занаетчиите и младите производители. 

-Оние кои со срце и посветеност создаваат производи со душа. Локалното производство заслужува поддршка и внимание. Традицијата не треба да се заборави, туку да се негува и пренесува од колено на колено, рече тој.

Претседателот на здружението „Наша традиција, наша иднина“, Јордан Настов, нагласи дека Македонија е мала држава но со богата историја, култура и традиции кои што се разликуваат од регион во регион зависно од тоа какво е поднебјето. 

-Само ако споменеме некој регион, се знае по што е претпознатлив. Тиквештијата нѐ асоцира на вековно традиционално производство на грозје, ракија, маџун и вин., Берово, беровско сирење, беровски мед, преспанско јаболко, охридски цреши. Ова е прекрасна можност на едно место да ги собереме сите региони, 25 општини со производство на македонски производи, лековити билки и чаеви, рече Настов.

МИА

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:Од нива до трпезаопштинапромоцијаСкопје
Претходен напис Мицкоски: Поддршка за земјоделството, да купуваме македонски производи
Следен напис Во Демир Хисар се одржа Саем за пчеларство и пчелни производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?