Во наредните 15 дена жителите на општината Кисела Вода кои набавиле огревно дрво во периодот од 1 април 2022 година до денес, можат да аплицираат за финансиски надомест во износ од 500 денари за секој купен метар кубен дрва за огрев.
Заедно со останатата потребна документација, треба да се достави доказ-потврда, испратница или официјален документ, кој го потврдува купувањето на дрва за огрев.
Исплатата ќе се врши по принципот прв дојден, прв услужен, се до исцрпување на средствата, обезбедени од Буџетот на Oпштината во висина од 1.200.000,00 денари.
Јавниот повик заедно со потребната документација е достапна на веб страницата на Општина Кисела Вода на следниот линк:
Јавниот повик заедно со потребната документација е достапна на веб-страницата на Општина Кисела Вода, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефон: 02/2785-427.
