Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од април ќе нема пензија под 15 илјади денари, вели Мицкоски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од април ќе нема пензија под 15 илјади денари, вели Мицкоски
Агровести

Од април ќе нема пензија под 15 илјади денари, вели Мицкоски

Објавено 02/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со линеарното зголемување на пензиите, не само што се намалува јазот, односно се зголемува правилната распределба на приходите, туку се намалува и стапката на сиромаштија, бидејќи пензионерите се најсиромашната група граѓани, вели премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека со интервенцијата започната од ноември 2024 година, заклучно со април 2026 година ќе имаме линеарно зголемување на пензиите за седум илјади денари и нема да има пензија под 15 илјади денари.

Цениме, рече Мицоски, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на нова детска градинка во Кочани, дека со ова уште повеќе ќе влијаеме позитивно во намалување на стапката на сиромаштија.

Не треба, нагласи премиерот , да заборавиме уште еден параметар, а тоа дека 150 илјади пензионери пред да почне ова линеарно зголемување имаа пензии кои беа околу 10 до 12 илјади денари.

-Од вкупно 330 илјади пензионери, 150 илјади беа во таа група. Што значи дека сега тие веќе со овие 7 илјади денари линеарно зголемување немаат пензија под 15 илјади денари, туку сите се движат од 17 до 19 илјади денари. И како влада ќе продолжиме во таа насока, истакна Мицкоски.

Прашан дали Уставниот суд би можел да го спречи линеарното зголемување на пензиите, Мицкоски, рече дека не би ги коментирал одлуките на Уставниот суд, затоа што, како што наведе „воведовме таква пракса и тоа е правилното – да не се коментираат одлуките на Уставниот суд“.

– Јас само можам да ги коментирам податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, односно социјалните показатели и параметри. Таму се анализирани два суштински, кои се битни за граѓаните. Едниот е стапката на сиромаштија, другиот е токму оној Џини-коефициент, односно правилната или неправилната распределба на доходите за која зборувавте. Точно е дека како држава сме лидери во регионот и сме над европскиот просек. А што се однесува до стапката на сиромаштија, во 2024 година таа е помала – 21,9%, споредено со 22,2% во 2023 година, а ако се спореди со 2021 година, тогаш беше 23%, појасни Мицкоски.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:зголемувањелинеарнопензии
Претходен напис Идната недела анализа дали имало девијантно однесување на трговците и зголемени цени пред празниците
Следен напис Над 17 илјади лица од сивата зона ќе се вклучат во формалната економија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?