Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од 600 на 1.000 денари за вреќа: Ценовниот шок кај ѓубривата го „коси“ македонското земјоделство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од 600 на 1.000 денари за вреќа: Ценовниот шок кај ѓубривата го „коси“ македонското земјоделство
Агровести

Од 600 на 1.000 денари за вреќа: Ценовниот шок кај ѓубривата го „коси“ македонското земјоделство

Објавено 02/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ѓубривата значително поскапуваат, а снабдувањето со нив е сериозно загрозено поради војната на Блискиот Исток, што дополнително го засилува ударот врз земјоделскиот сектор по неодамнешниот раст на цената на нафтата. Земјоделците, во пресрет на пролетната сеидба, се загрижени дека нема да можат да ги обработат нивите, бидејќи покрај поскапувањето на ѓубривата, високи се и цените на хемиските препарати, горивото и останатите земјоделски материјали.

Експертите предупредуваат дека ако цените на ѓубривата продолжат да растат, тоа може да доведе до намалени приноси и поголеми трошоци за земјоделците, а со тоа и до поскапа храна за граѓаните.

– Сега е период на зголемена земјоделска активност. Почнуваме со садење на повеќе култури, но со вакви цени, тешко дека ќе успееме да ја започнеме сеидбата. Покрај ниската откупна цена, се соочуваме со повеќе проблеми скапа нафта, скапи ѓубрива, скапи препарати за заштита… Вештачките ѓубрива се поскапени од 10 до 40 отсто. Претходно, вреќа од 25 килограми чинеше 600 денари, а сега чини 1.000 денари. Македонија е увозно зависна и немаме домашно производство на азотни ѓубрива, поради што нарушеното снабдување и високите цени директно го погодуваат домашното производство на храна, објаснува Диме Димитриески од Националната земјоделска мрежа.

Тој додава дека 90 отсто од азотните ѓубрива се увезуваат од Србија и Бугарија и дека засега ги има во земјоделските аптеки, но прашање е до кога.

Извор: Локално.мк

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ѓубриватакосимакедонското земјоделствоценовниот шок
Претходен напис Најмногу дожд во Mаврови Анови и на Попова Шапка во изминатите 24 часа
Следен напис МЗШВ остро реагира на ширење дезинформации за нова предлог мерка: Незаконски искористено името на министерството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?