Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од 55-та седница на Владата: Договорен откупот на вишокот тутун; Започна постапката за втората транша од 80 милиони евра од ЕУ поддршката за Ковид мерките
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од 55-та седница на Владата: Договорен откупот на вишокот тутун; Започна постапката за втората транша од 80 милиони евра од ЕУ поддршката за Ковид мерките
Агровести

Од 55-та седница на Владата: Договорен откупот на вишокот тутун; Започна постапката за втората транша од 80 милиони евра од ЕУ поддршката за Ковид мерките

Објавено 19/03/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На својата редовна 55-та седница што се одржа вечерва, Владата ја разгледа и усвои информацијата за состојбите за откуп на тутун од реколта 2020 година и донесе заклучок да му се укаже на Тутунскиот комбинат Прилеп да ги преземе сите активности да се откупат дополнителни 700 тони тутун од вишокот од последната реколта.

Како доминантен сопственик на Тутунски комбинат Прилеп, Владата на Северна Македонија преку својот претставник во ова акционерско друштво ќе иницира постапка за реализација на овој заклучок на собранието на акционери на Тутунски Комбинат Прилеп.

Во врска со овие заклучоци Владата ги задолжи заменик-претседателот на Владата за економски прашања,  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и министерот за финансии во рок од 15 дена од Ковид програмата да обезбедат привремена финансиска поддршка за откуп на тутун со рок на враќање 10 декември 2021 година.

На седницата Владата ја усвои и информацијата дека неколку откупни претпријатија изразија подготвеност да откупат уште околу 600 тони од вишокот тутун од реколтата 2020, како и информацијата дека Тутунскиот комбинат – Прилеп ја презема реализацијата на 785 договори од Далија табак – Делчево за откуп на тутун од производителите, бидејќи оваа компанија не ги обезбеди потребните средства за откуп на 455 тони предвидени со овие договори.

На оваа седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата во врска со барањето на Министерството за финансии сите надлежни институции во најкраток можен рок да го пополнат Извештајот со статус на реализација на економски мерки за справување со кризата од КОВИД-19 од сите пакет мерки за 2020 година и да го испратат до Министерството за финансии најдоцна до 22.03.2021 година.

Врз основа на овој извештај Министерството за финансии ќе достави информација до ЕУ со цел повлекување на втората транша од 80 милиони евра од Макрофинансиска помош на Северна Македонија од Европската унија за буџетска поддршка за мерките за справување со социо-економските последици од кризата.

Со заклучок на Владата на сеницата, Министерството за внатрешни работи е задолжено да изготви план за обезбедување на дополнителните гласачки места за граѓани со бугарско државјанство заради спроведување на изборниот процес за парламентарните избори во Република Бугарија на 4 април надвор од дипломатско конзуларните претставништва на оваа земја во Република Северна Македонија.

На оваа седница Владата донесе одлука за привремено запирање на експлоатацијата на чакал на реката Пчиња во атарот на село Средно Коњари додека трае увидот на Државниот инспекторат за животна средина заради укажувањата на населението дека ископот на чакал се врши надвор од пропишаното со концесијата и додека не биде донесена нова одлука согласно наодите на надлежниот инспекторат.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:вишоктутун
Претходен напис Хоџа: Привремено запирање на работата на концесионерот што го експлоатира земјиштето во селото Коњаре – општина Петровец
Следен напис Времето денеска сончево со мала до умерена облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?