Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од 2100 година летото ќе трае шест месеци, а зимата помалку од 60 дена!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Од 2100 година летото ќе трае шест месеци, а зимата помалку од 60 дена!
Агропрогноза

Од 2100 година летото ќе трае шест месеци, а зимата помалку од 60 дена!

Објавено 25/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Доколку не се преземат сериозни мерки во борбата против климатските промени, до крајот на овој век, летото може да трае половина година, предупредува најновото истражување. Според анализата на научниците, во последните 60 години, периодот на лето во целиот свет е продолжен во просек за 17 дена.

– Летото станува подолго и потопло поради глобалното затоплување, а зимите се сè пократки и потопли, изјави климатологот Јупинг Гуан, пренесува Си-Ен-Ен.

Во текстот се наведува дека за некои идејата за подолг летен период може да звучи како идеална можност да останат на отворено, но се додава дека продолжената летна сезона може значително да влијае на нашето здравје, животната средина и земјоделството.

Во тој случај, се наведува во истражувањето, би имало повеќе топлотни бранови и повеќе болести пренесени од комарци, а сезоната на алергии ќе трае уште подолго. Истражувањето наведува дека доколку не се преземе ништо во врска со емисијата на штетни гасови и сузбивањето на глобалното затоплување, до крајот на овој век летото би можело да трае најмалку половина година.

– Ако продолжиме како досега, до крајот на векот пролетта и летото ќе започнат еден месец порано отколку во 2011 година, а есента и зимата околу половина месец подоцна, што ќе резултира во 2100 лето да трае околу половина година и зима помалку од две месеци, предупредуваат експертите во истражувањето.

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:климатски променилето
Претходен напис Ново загадување на Дебарско Езеро, овој пат кај Мелнички Мост
Следен напис Во Крушево викендов за првпат ноќно скијање
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?