Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од 17 часот шестчасовна блокада на граничниот премин Евзони
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од 17 часот шестчасовна блокада на граничниот премин Евзони
Агровести

Од 17 часот шестчасовна блокада на граничниот премин Евзони

Објавено 09/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На шест часа, почнувајќи од 17 часот по македонско време (18 часот по локално време) грчките земјоделци и денеска ќе го блокираат граничниот премини Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција, јави на дописничката на МИА од Атина.

Блокадата се очекува да трае до полноќ по грчко, 23 часот по македонско време и како и досега ќе се однесува на сите видови возила: товарни, автомобили и автобуси.

Грчките земјоделци и вчера попладне, во истиот период го блокираа граничниот премин, а во однос на плановите во следните денови, според информациите на МИА, исто како и досега, одлуките ќе ги носат во последен момент, особено сега кога изразија подготвеност во вторник да се сретнат со грчкиот премиер.

На ГП Ники (ГП Меџитлија), како што соопшти АМСМ има забрана за движење на товарни возила, која ќе трае до утре до 10 часот.

Вчера претпладне земјоделците во цела Грција ја започнаа најавената 48-часовна блокада низ целата земја, меѓутоа по новата покана за дијалог и средба упатена од Владата, решија да повлечат дел од блокадите што се на споредните патишта, но сепак тракторите остануваат паркирани на автопатиштата

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис вчера упати покана до земјоделците во вторник да се сретнат со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, но под два предуслови: прво, делегацијата на земјоделците да ги претставува сите блокови и второ, дијалогот да се одржи со отворени патишта.

Владината покана ја прифатија земјоделците, а утре напладне ќе одржат состанок со учество на претставници од сите блокови за да ја одредат делегацијата што во Атина ќе се сретне со Мицотакис, како и темите и барањата што ќе ги покренат на состанокот.

Грчката Влада во средата детално ги објасни мерките за земјоделците, а ставот е дека нема простор за дополнителни мерки за поддршка.

Протестите на земјоделците во Грција започнаа на 30 ноември и траат над 40 дена со секојдневни блокади на низа локации во целата земја.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:блокадаграницаземјоделци
Претходен напис Маринакис: Секогаш сме отворени за дијалог со земјоделците, но нема простор за дополнителни мерки
Следен напис МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?