Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија
Агровести

Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија

Објавено 12/12/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Советот на ЕУ денеска го усвои предлогот од 1 јули 2026 година да започне наплата на фиксна царина од три евра за сите мали пакети во вредност помала од 150 евра што пристигнуваат во ЕУ од трети земја.

Оваа мерка во најголем дел ќе се однесува на пратките со производи кои жителите на ЕУ ги нарачуваат преку платформите за е-трговија, како што се „Тему“, „Шиен“ или „Алибаба“. Според податоците, на вакви пратки отпаѓаат 93 отсто од сите мали пакети што годишно пристигнуваат во ЕУ од странство.

Со оваа привремена мерка, што ќе важи до усвојувањето на пакетот за царинска реформа, ЕУ се обидува да се справи со нелојалната конкуренција што ја создаваат платформите за е-трговија за трговците од ЕУ, но и да ги зајакне мерките за заштита на здравјето и безбедноста на потрошувачите и на животната средина и да ги спречи измамите со продажбата на производите преку интернет.

Европската комисија го поздрави усвојувањето на предлогот, оценувајќи дека на тој начин ќе се заштити конкурентноста на европските бизниси и ќе се изедначат условите за работа помеѓу е-трговијата и традиционалната продажба на мало.

Комисијата појаснува дека со оваа одлука ќе се премости јазот до воспоставувањето на Царинскиот центар за податоци на ЕУ, планирано кон средината на 2028 година, чие создавање е предвидено со царинската реформа во Унијата.

Привремената царинска давачка од три евра по пратка ќе се наплаќа на пакети директно испратени од трети земјид о потрошувачите во ЕУ, појаснува ЕК.

Во соопштението се додава дека оваа мерка, е различна од планираниот „надомест за ракување со пратки од е-трговија“, за чие воведување преговорите се во тек. Овој „надомест за ракување“ има за цел да ги компензира зголемените трошоци што ги имаат царинските органи при надзор на се поголемиот број на пратки со производи нарачани преку сајтовите за е-трговија. Начелно се планира овој надомест да биде воведен од ноември 2026 година, но неговата точна висина и датум на примена ќе бидат познати откако Советот на ЕУ и Европскиот парламент ќе ги усогласат ставовите околу ваквиот предлог.

Инаку, кога станува збор за Белгија, белгиската Влада донесе индивидуална одлука за наплата на такса од две евра за пратките со нарачани производи преку сајтовите за е-трговија. Како што наведуваат белгиските медиуми, со стапувањето во сила на европската фиксна царина од три евра, надоместот што го воведе Белгија нема да биде укинат, туку Белгијците ќе плаќаат по пет евра за секоја пратка што ќе ја добијат од странство. сп/са/

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:еупродажбацарина
Претходен напис Синпекс: AGRINA Мулчер 1,55м на 12 рати без камата!
Следен напис УХМР: Сончево со минусни утрински температури, а преку ден до 15 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?