Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Од 1 јануари стапува на сила законот за производство на ракија


Од први јануари кој ќе произведува над 200 литри ракија, но не повеќе од 2.000 ќе мора да се регистрира. Агенцијата за храна, пак, ќе има обврска истата да ја провери дали е безбедна за употреба. Стапува во сила новиот закон за акциза со кој, според надлежните, поточно од први јнуари се става ред во производството на ракија во домашни услови.

– Со регистрирањето, инспекциските служби на АХВ имаат обврска да го контролираат нивното работење, со кое, согласно одредбите од овој Закон, операторите имаат должност да обезбедат дека во сите фази на производството, преработката и дистрибуцијата ги исполнуваат барањата за хигиена. Законот не важи за оние кои произведуваат ракија за лична употреба, туку оние кои ја произведуваат и пласираат ракијата на пазарот, се вели во дописот од Агенцијата за храна.

Од Асоцијацијата на земјоделци велат дека со новото законско решение, граѓаните ќе знаат каква ракија купуваат, а ќе се сузбие и сивата економија.

Со законското решение производителите од акциза ќе бидат ослободени уште следната година, а во 2021 ќе плаќаат по 10 денари за литар ракија и секоја наредна ќе се зголемува за 10 денари. Во 2022 ќе изнесува 20 и 30 денари годината потоа.

Ослободени од оваа обврска се сите кои произведуваат помали количини од 200 литри.

Јан 2, 2020agrotim2
Оставете го негативизмот, земјоделството е прекрасен бизнис од кој може да се живееОд 1 јануари во сила рамниот данок

Напишете коментар Откажи одговор

02/01/2020 Агровестизакон за производство на ракија, производство на ракија251

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019