Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од 1 јануари почнува примената на Законот за сезонска работа, најавува заменик-министерот за економија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од 1 јануари почнува примената на Законот за сезонска работа, најавува заменик-министерот за економија
Агровести

Од 1 јануари почнува примената на Законот за сезонска работа, најавува заменик-министерот за економија

Објавено 08/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од први јануари почнува примената на Законот за работно ангажирање лица кој ја регулира областа на сезонското ангажирање и се очекува да влијае на намалувањето на сивата економија, најавува заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

Ристески посочува дека во земјава за првпат се воведува ваков закон и дека опфатени ќе бидат студенти, пензионери, невработени, самовработени лица кои може дополнително да заработат, без да ги загубат бенефитите. Опфатени се областите: угостителство, земјоделство и услужни дејности.

– Законот за работно ангажирање лица или, популарно речено, за сезонски вработувања ќе почне да се применува од први јануари 2026 година. Овој  закон е револуционерен и за првпат се носи во нашата држава. Со овој закон се овозможува вработување на невработени, вработени лица, на студенти, пензионери. Сите овие лица кои ќе бидат работно ангажирани нема да ги изгубат бенефитите: пенционерите нема да го загубат пензионерскиот статус, студентите- студентскиот, а невработените нема да ги загубат социјалните бенефити. Овој закон е од голема важност и овозможува овие лица да бидат работно ангажирани во три области: во земјоделството, угостителството и во услужните дејности, вели Ристески.

Се очекуваат големи придобивки од законот, а најмногу во намалувањето на сивата економија.

– Со Законот ќе се интензивира борбата со неформалната екномија, односно, работата „на црно“. Ќе има мобилна апликација со која сите работодавци кои ќе ги ангажираат овие лица ќе може во моментот да ги пријавуваат и да ги одјавуваат и, секако, со тоа ќе се овозможат дополнителни приноси за луѓето кои ќе сакаат дополнително да бидат ангажирани за подобрување на економската состојба и на други бенефити, вели Ристески.

Според законот, ангажирањето годишно може да биде од 120 до 180 дена, зависно од дејноста или максимамално до 15 дена во месецот.

МИА

Може да ви се допадне

Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Таг:законмарјан ристескисезонаски
Претходен напис Србија ги зголемува субвенциите: 150 милијарди динари за земјоделство и рурален развој
Следен напис Мицотакис ги повика грчките земјоделци да ги прекинат протестите и вети исплати до крајот на годината
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?