Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Обврски на концесионерот за стопанисување и организирање на спортски и рекреативен риболов
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Обврски на концесионерот за стопанисување и организирање на спортски и рекреативен риболов
Шумарство и водостопанство

Обврски на концесионерот за стопанисување и организирање на спортски и рекреативен риболов

Објавено 28/02/2020
Сподели
12 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ГОДИШЕН ПЛАН И ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ

Содржината на годишниот план за заштита и стопанисување со рибите и содржината на годишниот извештај за реализација на годишниот план се одредени со Правилник според кој :

Годишниот   план   за   заштита   и   стопанисување   со   рибите   содржи:

1. ПОДАТОЦИ ЗА КОНЦЕСИОНЕРОТ

 –       назив на правното лице односно име и презиме на физичкото лице;

 –       седиште на правното лице односно адреса на физичкото лице;

 –       ЕМБГ односно ЕМБС на концесионерот

 –       и   контакт телефон, e-mail адреса, факс.

2.   ПОДАТОЦИ ЗА РИБОЛОВНАТА ВОДА ДОДЕЛЕНА НА КОНЦЕСИЈА

       Општо (податоците за риболовната вода се превземаат од риболовната основа)

Се наведуваат и дополнителни специфики според сознанијата на концесионерот – доколку имало во изминатата година

(намален водостој, брани, акумулации итн)

3.    МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА И ОДРЖУВАЊЕ НА РИБИТЕ

 –             Организација на рибочуварска служба

(се наведува број на рибочувари со име и презиме и број на лиценца за односниот ревир)

–              Основен план за физичка заштита на рибите

( опишано во основите штио треба да содржи планот за заштита);

–              Следење на состојбата на водата, заболување и помор на риба како и невообичаено однесување на рибите

(што ќе се прави за запознавање на службите и членовите при вакви случаи, прирачник итн);

–              Планирање за постапка со рибите во случај на недостаток со вода и/или поплави

(да се наведе постапката)

–              Посебни мерки за заштита на природни плодишта.

(да се наведе што ќе се преземе за заштита на природните плодишта)

4.     ПЛАН ЗА ПОРИБУВАЊЕ ПО КОЛИЧИНИ, ВИДОВИ И ПЕРИОД НА ПОРИБУВАЊЕ

                Се наведуваат количините и видовите согласно склучените договори за порибување доставени кон понудата за концесија, а утврдени во основата.

(ако има одделни измени, проблем со набавка на порибителен материјал, измена на динамика и период на порибување итн, да се наведе и да даде мислење установата согласно риболовната основа).

5.         КОЛИЧИНИ НА ПЛАНИРАН УЛОВ ПО ВИДОВИ РИБИ ЗА РЕКРЕАТИВЕН РИБОЛОВ

            Се наведуваат предвидениот број на членови за наредната година врз основа на членството во изминатата, се наведува проценка на бројот на издадени дозволи (годишни, дневни итн) и се предвидува можниот улов на годишно ниво по видови риби од вршењето рекреативен риболов.

6.         РИБОЛОВНА ДИНАМИКА

              мелиоративен и селективен риболов

–              влез и излез од риболовната вода по часови;

–              број на ловни денови во месецот;

–              вид и број на риболовен алат и

–              број на рибари и риболовци по риболовен ден.

(се изведуваат во соработка со овластените установи. Доколку е предвидено во основата и во тековната година има реална потреба за ваков излов врз основа на фактичката сосостојба на теренот треба да се попонат бараните податоци. Постои и можност да се наведе предлог за ваков излов и доколку не постои во основата, меѓутоа со образложение од установата).

                рекреативен риболов:

–              број на риболовни денови

(се планираат врз основа на членство и број на издадени дозволи во минатата година.

                Натпревари во спортски риболов

(ако се предвидуваат кога и какви – да се наведе)

7.            ПЛАНИРАНИ СРЕДСТВА

–              Порибување

(се пресметуваат врз основа на договорот и предвидените количини за порибување)

–              физичка заштита

(се пресметуваат врз основа на брјот на рибочувари, бројот на редовни контроли, предвидените акции за заштита, дополнителни контроли итн)

–              инвестиции во набавка на опрема

                                                                                                                              ПОТПИС И ПОЧИТ

(се наведуваат планирани средства за набавка потребна опрема за непречено извршување на концесиската дејност)

–              одржување и унапредување на животната средина

(што се планира за заштита на животната средина покрај предвидените мерки за заштита на рибите – чистење, отстранување шут, мрежи итн)

–              обука

(ако се предвидува некакава  дополнителни обуки за рибочувари, членови, деца итн. Ако не да се наведе дека не се предвидува)

                                                                          ИЗВЕШТАЈ

                                               ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ГОДИШНИОТ ПЛАН

                                 ЗА ЗАШТИТА И СТОПАНИСУВАЊЕ СО РИБИТЕ ОД РИБОЛОВНИОТ

                               РЕВИР/РЕКРЕАТИВНАТА ЗОНА _______________________________

                                                                   ЗА ________ ГОДИНА

–              ИЗВЕШТАЈОТ ГИ СОДРЖИ ИСТИТЕ ЕЛЕМЕНТИ ОД ПЛАНОТ

–              ПО ИСТИТЕ ТОЧКИ И РЕДОСЛЕД ВО ПОДНАСЛОВИТЕ ТРЕБА ДА СЕ НАВЕДЕ ШТО ОД ПРЕДВИДЕНИТЕ АКТИВНОСТИ Е РЕАЛИЗИРАНО

–              АКО НЕШТО ОД ПРЕДВИДЕНОТО НЕ Е РЕАЛИЗИРАНО СЕ НАВЕДУВА КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА НЕРЕАЛИЗИРАЊЕ НА ПЛАНИРАНИТЕ АКТИВНОСТИ.

Годишниот план со позитивно мислење добиено од овластената установа, концесионерот го доставува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 15 ноември во тековната година за наредната календарската година. Годишниот план го одобрува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Концесионерот барањето за мислење го доставува до овластената установа најдоцна до 15 септември во тековната година за наредната календарска година. Овластената установа на овој закон е должна да издаде мислење на концесионерот најдоцна во рок од 30 дена од денот на добивањето на барањето.

Концесионерот изготвува годишен извештај за реализација на годишниот план и го доставува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и овластената установа најдоцна до 31 јануари наредната година за претходната година. Содржината на годишниот извештај поблиску ја пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Може да ви се допадне

Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
Мерки за закрепнување на лозјата по период на доцни пролетни мразеви
Мицкоски: Според применетите мерки, како држава сме во првите три во Европа, тоа го потврди и ММФ
НЗМ предупредува: Во последно време се засадуваат големи површини со тутун од страна на правни лица и одредени бизнис-групации
Таг:концесионермеркиправиларибарство
Претходен напис Дебарските сточари бараат дозвола за транспорт на жива стока преку преминот „Блато“
Следен напис Дожд и ветер со брзина од над 70 километри на час попладнево
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?