Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Објавен повикот за Најуспешен земјоделец за 2022 година во општина Кочани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Објавен повикот за Најуспешен земјоделец за 2022 година во општина Кочани
Агровести

Објавен повикот за Најуспешен земјоделец за 2022 година во општина Кочани

Објавено 24/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општина Кочани ќе го избира најуспешниот земјоделец за 2022 година. Одборот за организирање на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ го објави конкурсот за  доделување на наградата, во рамки на изборот што годинава ќе биде по тринаесетти пат.

Целта е да се стимулираат регистрираните земјоделци да ги претстават своите успеси во производството на земјоделски култури, односно во производството на оризот.

– За наградата која е парична и изнесува 60 илјади денари, можат да конкурираат физички лица чиј земјоделски имот се наоѓа на територијата на општина Кочани и се регистрирани или евидентирани земјоделски производители во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, се нагласува во јавниот повик на Општина Кочани.

Се информира дека секој од пријавените кандидати ќе добие бодови според количината на предадената арпа, односно ориз до 30 август годинава.

– Ќе се бодуваат и остварените приноси од еден хектар, површината на земјоделско земјиште со која располага кандидатот, дали е млад земјоделец и дали има значајни остварувања и постигнувања во областа на земјоделството на државно и на меѓународно ниво, право на учество во постапката за конкурирање немаат лицата на кои претходно им била доделена таква награда во последните 7 години, се вели понатаму во повикот.

Секој предлог треба да се поднесе во писмена форма, при што треба да содржи и соодветно образложение. Пријавувањето на кандидатите трае до 4 октомври, а пријавите можат да се достават по пошта или да се поднесат во едношалтерската канцеларија на Општината.

MИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:ЗемјоделствоКочаниопштинаориз
Претходен напис Бабовски во Штип: Почна депопулизацијата на свињи во карбинско-штипскиот регион поради африканската чума
Следен напис МЗШВ ја демантира изјавата во врска со хакерскиот напад и наводно „исчезнати“ документи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?