Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Објавен јавен повик за финансиска поддршка за набавка на трактори
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Објавен јавен повик за финансиска поддршка за набавка на трактори
Јавни огласи и повици

Објавен јавен повик за финансиска поддршка за набавка на трактори

Последна измена: 10/06/2025 07:59
Сподели
6 мин. за читање
Сподели

Министерство го објави јавниот повик бр.04/2025 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година, наменет за модернизација на земјоделските стопанства преку набавка на трактори.

Мерката 121.8, за набавка на трактори предвидува максимална поддршка по корисник од 600.000 денари, а поддршката се исплаќа на годишно ниво според реализацијата на деловниот план.

Јавниот повик се однесува исклучително за набавка на трактори, а приклучната земјоделска механизација не е покриена.

-Право на користење на средствата имаат земјоделски стопанства кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој. Земјоделци кои во претходните десет години користеле финансиска поддршка за набавка на трактори преку ИПАРД Програмата или Националните програми за рурален развој, не се прифатливи како корисници на оваа мерка, појаснуваат од Министерството.

Крајниот рок за аплицирање е 07.07.2025 година.

Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според времето на поднесување на електронското барање („прв дојден, прв услужен“).

ИЗНОС НА ГРАНТ

Финансиската поддршка преку овој повик се доделува во вид на неповратни грантови до 600.000 денари кои покриваат 50% од прифатливите трошоци.

Процентот на кофинансирање се зголемува на:

  • 55% за млади земјоделци (на возраст 18-40 години)
  • 60% за земјоделци во подрачја со ограничени можности
  • 65% за млади земјоделци во подрачја со ограничени можности
  • 75% за земјоделци во недостапни рурални заедници

Исплатата на средствата се врши по целосна реализација на инвестицијата согласно условите и критериумите за финансиска поддршка.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА

Право на аплицирање имаат земјоделски стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) кој се води во МЗШВ.

Физички лица:

  • Индивидуален земјоделец
    регистриран согласно Закон за вршење на земјоделска дејност или Закон за пензиско и инвалидско осигурување
  • Носител на семејно земјоделско стопанство
    кој се занимава со земјоделство како дополнителна дејност

Правни лица:

  • Трговски друштва
    регистрирани согласно Закон за трговски друштва
  • Трговец поединец
    регистриран согласно Закон за трговски друштва

НАПОМЕНА: На овој јавен повик не можат да аплицираат баратели кои во претходните 10 години биле корисници на грант за набавка на трактори преку ИПАРД програмата и Националните програми.

Минимални производствени капацитети

На јавниот повик можат да аплицираат земјоделски стопанства кои имаат регистрирано производствени капацитети за растително производство:

  • најмалку 2 ха за производство на различни земјоделски култури или една земјоделска култура, и/или
  • најмалку 0,5 ха за зеленчук на отворено, и/или
  • најмалку 0,5 ха за тутун, и/или
  • најмалку 0,2 ха за овошје или грозје, и/или
  • максимум до 50.000 литри за производствен капацитет на вино

Големината на производните капацитети се утврдува согласно запишаните производни капацитети во ЕРЗС.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

1. Барање за финансиска поддршка генерирано преку системот за електронско поднесување

2. Понуди/профактури со детална техничка спецификација

3. Деловен план – изготвен согласно упатството за изготвување на деловен план

4. Изјава за користење на финансиска поддршка за набавка на трактори за претходните 10 години од ИПАРД програмата и Програмите за финансиска поддршка на руралниот развој

5. Решение или тековна состојба за упис во ЕРЗС со пријавени производствени капацитети

За подготовка на деловен план и комплетна електронска апликација јавете се на
 071 285 385
 071 225 345
или испратете e-mail на [email protected]

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ

Барањата за финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат на e-baranje.ipardpa.gov.mk

Креираното електронско барање се презема, печати и потпишува од страна на барателот и заедно со сите пропратни документи соодветно на типот на инвестиција се доставува до АФПЗРР во затворен плик на кој на горниот лев агол пишува „Барање за финансиска поддршка, Арх. Бр. на барањето (0425-11116-XXXX/1)“.

ПОСТАПКА ЗА ИЗБОР НА КОРИСНИЦИ

Барателите кои ги исполниле условите за стекнување со право на користење на финансиска поддршка се рангираат со бодување согласно подолу прикажаната табела.

За да биде прифатлив за финансирање, барателот треба да добие најмалку 51 бод.

ПоказателиБодови
Доколку инвестицијата е наменета за обработка на површини за житни култури и индустриски култури од 10 ха и над 10 ха100
Доколку инвестицијата е наменета за обработка на површини за житни култури и индустриски култури помалку од 10 ха70
Доколку инвестицијата е наменета за обработка на површини за градинарски култури, овоштарници и лозја од 10 ха и над 10 ха50
Доколку инвестицијата е наменета за обработка на површини за градинарски култури, овоштарници и лозја помалку од 10 ха30

За подготовка на деловен план и комплетна електронска апликација јавете се на
 071 285 385
 071 225 345
или испратете e-mail на [email protected]

Може да ви се допадне

МЗШВ: Исплатени над 170 милиони денари кон 1.636 лица за предадено јагне или јаре
Јавен повик 06/2025 за приклучна механизација: Грантови до 600.000 денари
Уште 7 дена за аплицирање на јавниот повик 04/2025 за набавка на трактори
Објавен Јавен повик 08/2025 за доставување Барање за исплата на средства од Програмата за рурален развој за 2025 година
Трипуновски: Преку кампања купувај домашни земјоделски производи ќе помогнеме на домашната економија и македонските земјоделци
Таг:мзшвповикподдршкапрограмаТРАКТОРИ
Претходен напис Утре сончево и многу топло
Следен напис Сончево и многу топло, попладне изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?