Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денес објави Јавен оглас за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3ха по пат на електронско наддавање. Земјиштето е со вкупна површина од 3.387ха 99ар 92м2 се наоѓа во следните региони: Валандово, Велес, Крива Паланка, Струмица, Свети Николе, Прилеп и Пробиштип.
Намена на земјоделското земјиште
Земјоделското земјиште кое се дава во закуп со овој јавен оглас е со намена за:
- подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години;
- подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години;
- подигање на маслинарници за период до 50 години;
- одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години;
- ливади за период до 15 години;
- за одгледување на брзорастечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри за период до 30 години; и
- рибници до 20 години.
Кој може да аплицира
На јавниот оглас може да учествуваат:
- домашни физички и правни лица
- странски правни лица
Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност (во ЕРЗС) и/или трговец поединец на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи им е приоритетна дејност.
Странските правни лица мора да имаат регистрирано подружници во РС Македонија.
Домашните и странските правни лица (или нивните подружници) треба да имаат претежна дејност земјоделско производство или преработка на примарни земјоделски производи.
На јавниот оглас еден понудувач може да достави една понуда, а може да аплицира за едн, две, три или повеќе географски целини и региони.
За целосна и навремена подготовка на понуди можете да нè контактирате на телефонските броеви:
📞 070 267 789
📞 071 285 385
или испратете ни e-mail на [email protected]
На јавниот оглас не може да учествуваат правни лица за кои е отворена стечајна постапка, како и непрофитни организации.
Рок за аплицирање
Крајниот рок за поднесување на понуди на овој јавен оглас е 30 дена од објавување во Службен весник.
Критериуми за избор на најповолен понудувач
Големината на површината на земјоделското земјиште во државна сопственост која може да се даде под закуп на еден учесник се утврдува врз основа на минимална материјално-техничка опременост на понудувачот и бројот на планирани вработни односно вработени според бизнис планот, и тоа:
- површина до 50ха – најмалку 1 трактор од лесна категорија (до 80kw) и најмалку 1 планиран вработен во редовен работен однос
- површина до 100ха – најмалку 2 трактори од лесна категорија (до 80kw) или најмалку 1 од средна категорија (80-120kw) и најмалку 1 планиран вработен во редовен работен однос
- површина до 150ха – најмалку 4 трактори од лесна категорија (до 80 kw) или најмалку 2 трактори од средна категорија (80-120kw) или најмалку 1 трактор од тешка категорија (над 120kw) и најмалку 4 планирани вработени во редовен работен однос
- површина над 150ха – бројот/капацитетот на механизацијата сразмерно расте со големината на површината, на секои 50ха планиран по 1 вработен во редовен работен однос
Почетна цена по хектар
Се утврдува во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјиштето:
- I и II катастарска класа – 120 евра
- III и IV катастарска класа – 90 евра
- V и VI катастарска класа – 60 евра
- VII и VIII катастарска класа – 30 евра
Доколку земјоделското земјиште се наоѓа над 1.000 метри надморска височина, почетната цена на закупнината изнесува:
- I и II катастарска класа – 60 евра
- III и IV катастарска класа – 45 евра
- V и VI катастарска класа – 30 евра
- VII и VIII катастарска класа – 15 евра
За целосна и навремена подготовка на понуди можете да нè контактирате на телефонските броеви:
📞 070 267 789
📞 071 285 385
или испратете ни e-mail на [email protected]