Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Објаснување на критериумите за производителите на тутун
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Објаснување на критериумите за производителите на тутун
Агровести

Објаснување на критериумите за производителите на тутун

Објавено 01/04/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Поттикнати од објавите кои во последно време се шират по социјалните мрежи а се однесуваат на критериумите за доделување на субвенции за тутун, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралнит развој го дава следното:

 ОБЈАСНУВАЊЕ НА КРИТЕРИУМИТЕ

     Во Програмата и Уредбата за директни плаќања за 2026 година утврдени се две мерки за поддршка на производството на тутун и тоа:

1.Подмерка 1.1. „Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за поледелски култури“ каде што за корисници се утврдени земјоделски стопанства кои во 2026 година имаат засадено површини под тутун и оствареното производство го имаат договорено и предадено на регистрирани откупувачи на тутун. Плаќањата се по површина и изнесуваат 6.000 денари по хектар. За оваа подмерка задолжително е евидентирање на површините во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) и Системот за идентификација на земјоделските парцели (СИЗП). Исплата не се врши по оваа подмерка за парцелите кои не се евидентирани во овие системи.

2.Подмерка 3.1. „Директни плаќања за договорен и продаден ориентален ароматичен необработен тутун од реколта 2025 година“  каде што за корисници се утврдени земјоделски стопанства кои своето производство на тутун од реколта 2025 година го договориле и продале согласно закон во регистрирани откупувачи на тутун. Плаќањата се по количина и изнесуваат од 60 до 80 денари по килограм во зависност од класата на тутунот. Исплата се врши за количините кои се внесени во електронскиот систем од страна на откупувачите. Исплатата по оваа подмерка не е условена со исплата по подмерката 1.1. што практично би значело дека за исплата на  субвенциите по количина НЕ е услов барателот да поднел барање за мерката по површина.

Агенцијата и понатаму ќе ги следи реакциите на земјоделците и ќе објавува објаснувања кога ќе биде потребно.

За сите информации во врска со доделување на финансиската поддршка во земјоделството и руралниот развој следете ја веб страната на Агенцијата: www.iprdpa.gov.mk

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралнит развој

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:критериумитеОбјаснувањепроизводителитетутун
Претходен напис Во Гевгелија трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“
Следен напис Провејува снег во Маврово и Крушево и на планинските премини Стража и Ѓавато
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?