Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Обилните врнежи ги преполнија браните Липково и Глажња, но нема опасност од излевање на реките
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Обилните врнежи ги преполнија браните Липково и Глажња, но нема опасност од излевање на реките
АгровестиШумарство и водостопанство

Обилните врнежи ги преполнија браните Липково и Глажња, но нема опасност од излевање на реките

Објавено 15/06/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Акумулационите езера Липково и Глажња, од каде Куманово се снабдува со вода за пиење, се преполни со вода, која се прелева преку браните, но надлежните велат дека нема опасност од излевање на реките Липковка, Којнарка и Кумановка.

Од ЈП „Водостопанство Кумановско-Липковско Поле“ кажуваат дека браните се преполни од март, поради што тие сите овие месеци вршат контролирано испуштање на водата за да не се загрози нивната сигурност, но истовремено и да не дојде до преполнување на реките.

„Ако во јуни минатите години се прашуваме ќе има ли доволни количини на вода да го истуркаме летото, оваа година прашањето е што ќе правиме со толку многу вода. Поради обилните врнежи браните се преполни, но засега нема опасност од неконтролирано излевање. Ние го контролираме испустот на вода според нивото во реките и засега нема опасност од поплави во кумановско-липковскиот регион“, вели Оливер Илиевски, директор на ЈП „Водостопанство Кумановско-Липковско Поле“.

Тој додава дека има најава од хидрометеоролозите дека наредните денови ќе има обилни врнежи од дожд во Јужна Србија, што може да го зголеми нивото на вода во реката Пчиња и евентуално да направи проблеми во пониските делови.

И од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) потврдуваат дека е зголемен водостојот во сите реки во Кумановско, но засега нема опасност од поплави.

Извор: kumanovonews.mk

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:glaznjaглажњалипково
Претходен напис Николовски: Во тек е процесот на аплицирање за субвенции, досега аплицирале 30.000 земјоделци
Следен напис Заврши изградбата на системот за водоснабдување за осум села во Карбинци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?