Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Обичниот сапун полезен за осум вообичаени активности околу домот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Обичниот сапун полезен за осум вообичаени активности околу домот
Магазин

Обичниот сапун полезен за осум вообичаени активности околу домот

Последна измена: 02/10/2023 09:02
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

 Иако местото му е во бањата, сапунот не мора да се користи само за лична хигиена. Има и поширока примена во куќата и домаќинството. Следат осум примери за користење на обичниот тврд сапун со што се користи енергија, време и пари.

1. Спречува замаглување на огледалата и очилата

На чисто и целосно суво огледало, се втрива сапун преку стаклото. Не се додава вода, а трагите се отстрануваат со сува крпа. Следното туширање, нема да има замаглување. Ова важи и за очилата, и за вид и за сончање.

2. За полесно склопување на мебелот

Без оглед дали стручно или лаички се работи на полици за книги, навртувањето завртки во дрво може да биде тешко. И тоа се олеснува со премачкување на колчето на завртката со малку сапун.

3. Сапунот ги штити растенијата

За тоа, се закачува парче сапун на гранка, или пак, грубо се втрива во почвата, со помош на мрежа или стара крпа за да се одвратат штетниците.

4. Полесно шиење

Сапунот тука служи за да се обележат рабовите и линиите на шевовите. А пак, со ставање на иглата во сапунот, таа уште полесно ќе се лизгаат низ ткаенината.

5. Како домашно средство за перење

Сапунот е суштинска состојка на домашното средство за перење. Се додава малку сода за перење, боракс и сода-бикарбона. Ова значи и заштеда на пари.

6. Сапунот го олеснува чистењето на металните садови за готвење

Пред да се стави алуминиумското тавче на камперски оган на отворено, истријте го дното со влажен тврд сапун за полесно чистење на саѓите.

7. Заштитете го дрвениот мебел од домашни миленици

Ако во домот има куче кое џвака мебел, советот гласи – премачкајте ги ногалките и дрвените рабови на мебелот, со парче сапун за да се спречи оштетување.

8. Го отстранува чкрипењето

Сапунот е полезен и за шарките на вратите и шкафчињата кои чкрипат. Само треба да се втрие суво парче сапун кај местото што го испуша непријатниот звук. Тоа нанесување можеби ќе треба да се повторува, по потреба. 

МИА

Може да ви се допадне

Камениот мост во село Зовиќ туристичка атракција во Мариово
Корисни совети за заштита од оси лете
Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница
Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања
Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе
Таг:активностидомотполезенсапун
Претходен напис Златевски: Сојузот на здруженија на лозари достави барања до Владата и Министерството за земјоделство 
Следен напис Индустриското производство во август со пад од 5,1 процент на годишно ниво
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?