Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Обединетите нации предупредуваат – светот ќе стане „пекол“!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Обединетите нации предупредуваат – светот ќе стане „пекол“!
Агровести

Обединетите нации предупредуваат – светот ќе стане „пекол“!

Објавено 15/10/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Последните 20 години е забалежан значителен пораст на природните катастрофи што се последица на климатската криза, се наведува во извештајот на Обединетите нации, во кој се додава дека светот ќе стане „ненаселлив пекол“ за милиони луѓе, доколку надлежните не го решат тој проблем.

Научниците само што укажаа на неуспехот на политичките и деловните лидери да превземат значајни мерки за да го ублажат влијанието на климатските промени. Како што наведоа, пандемијата на корона вирусот, која однесе повеќе од милион животи на глобално ниво и зарази најмалку 37 милиони луѓе во светот, го откри неуспехот речиси на сите нации, да го спречат бранот на смртта и болеста и покрај константното повторување на предупредувањата од стручњаците.

Податоците велат дека помеѓу 2000. и 2019. Година имало 7.348 големи природни катастрофи, вклучувајќи, земјотреси, цунами и урагани, а истите тие однесоа 1,23 милиони животи и оставија последици на 4,2 милијарди луѓе и резултираа со глобални економски губитоци од 2,97 милијарди долари.

Како што се истакнува, тое е скоро двојно повеќе од 4.212 катастрофи кои се забележани од 1980 до 1999 година.

Поголем број од тие катастрофи биле поврзани со климата, а исто така биле пријавени и голем број на поплави, бури, суши, урагани и шумски пожари кои во последните 20 години значително се зголемиле.

Наглото зголемување на природните катастрофи е поврзано со порастот на глобалните температури за кои научниците велат дека ја зголемуваат зачестеноста на екстремните временски прилики.

– „Збунувачки е што свесно продолжуваме да сееме семе за сопствено уништување. Всушност мораме да го подобриме начинот на управување, доколку сакаме да ја спасиме оваа планета од сиромаштија и понатамошно губење на видовите и биодиверзитетот, а и да ги намалиме најлошите последици од глобално затоплување“, потенцираат од ОН.

Азија била најмногу погодена со климатските катастрофи во последниве 20 години и на тоа подрачје потврдени се 3.068 такви случаи во перидот помеѓу 2000 и 2019 година.

Во тој временски период во САД се забележани 1.756 климатски катастрофи и 1.192 во Африка. Најлошо погодена земја во псоледниве две децении е Кина, за што придонесуваат 500 регистрирани катастрофи, а во САД биле регистрирани 467.

Меѓу најсмртоносните, кои се сметаат за огромни катастрофи, настрадале повеќе од 100.000 луѓе и станува збор за цунами во Индискиот океан 2004, циклонот Наргис во Мјанмар 2008 и земјотресот на Хаити во 2010 година.  

Во извештајот е споменато дека е постигнат одреден успех во заштита на ранливите заедници благодарение на подобрите системи на предупредување.

Моментално постои закана темепратурите во светот да пораснат за 3,2 степени па дури и повеќе, освен ако индустриските земји, драстично не ги намалат емисите на гасови на стаклена градина.

– “Тој предвиден пораст на температурата е доволен за зголемување на зачестеноста на екстремните климатски случувања ширум светот“, се наведува во извештајот.

Извор: Rtv.rs

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:онпредупредувањеприродни катастрофи
Претходен напис Потпишување договори за кофинансирање проекти со четири занаетчиски комори
Следен напис Поповолна економската состојба во преработувачката индустрија во септември во однос на август
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?