Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нуредини: Ќе овозможиме Попова Шапка да стане реномиран ски-центар каков што заслужува да биде
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Нуредини: Ќе овозможиме Попова Шапка да стане реномиран ски-центар каков што заслужува да биде
Рурален Развој

Нуредини: Ќе овозможиме Попова Шапка да стане реномиран ски-центар каков што заслужува да биде

Објавено 25/11/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На денешната владина седница предлог проектот за стратешка инвестиција во ски-центарот Попова Шапка доби зелено светло. Станува збор за голем инвестициски проект што е резултат на нашите напори да ги заштитиме природните вредности на начин со кој покрај максимална заштита ќе обезбедиме услови за социо-економски развој и можност нашите природни убавини да бидат атрактивни, европски и да привлекуваат туристи од целиот свет, да ѝ носат приход на државата, а за граѓаните да отвараат нови работни места и нови економски можности, рече министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

„Со задоволство најавуваме дека имаме сериозен понудувач за развој на ски-центарот Попова Шапка. Тргнувајќи од фактот дека туризмот на македонските планини иако доживува позитивен тренд, има силна потреба од масовно реновирање на постоечките капацитети за да ги исполни тековните стандарди за квалитет што ги бара пазарот, инициравме физибилити студија за проект за реновирање на ски центарот Попова Шапка. Попова Шапка во едно минато време беше предизвик за врвни имиња на зимските спортови, но за жал долгогодишното неинвестирање доведе до сериозно заостанување и неискористеност на бројните можности и капацитети за развој на туризмот што го нуди овој планинаки локалитет високо вреднуван и на европско и на светско ниво.

Сега веќе можеме да ја споделиме информацијата дека добивме сериозна понуда од страна на реномираната европска компанија од Јужен Тирол, ТехноАлпин којашто е светски лидер во производство и инсталирање на системи за вештачки снег, признат експерт за дизајн на скијачки терени и скијачки зони и со 30 годишно искуство, 16 зависни друштва низ светот и 600 вработени. Оваа компанија, по направеното истражување, понуди амбициозен план за развој, иновации и раст на ски-центарот Попова Шапка кој се карактеризира со модернизација на постоечката ски зона и нејзино територијално проширување, подобрување на примарната инфраструктура неоходна за развој на областа, со квантитативни и квалитативно подобрување на туристичко сместувачката дејност, со вклучување на нови капацитети за прилагодување на туристичката понуда на актуелните барања на туристичкиот пазар и проширување на истата.

Станува збор за стратешко партнерство со ски-центарот Попова Шапка со амбициозен проект чија вкупна вредност изнесува 186 милиони евра и кој вклучува реновирање на постојните капацитети, поставување на систем за правење снег, проширување на постајната скијачка зона со нови објекти и патеки, реновирање и проширување на хотелите, изградба на нови хотелски капацитети, изградба на асфалтни паркиралишта, велосипедски патеки и креирање на други рекреативни активности, со што овој центар ќе доби можност да се вброи во најмодерните европски зимски центри.

Инвестицијата треба да се реализира почнувајќи од 2023 година и ќе се реализира во 6 инвестициски фази од кои првата изнесува приближно 55 милиона евра.“

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
АМСМ: На Попова Шапка врнежи од снег кој не се задржува на коловозот, Во Крушево намалена видливост поради магла
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Таг:насер нурединипопова шапкаски центар
Претходен напис Средба Николовски – Гечев: Ја унапредуваме соработката во земјоделството меѓу Северна Македонија и Бугарија
Следен напис Германија се соочува со сериозна криза во свињарството – До средината на ноември три милиони свињи помалку од претходната година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?