Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нуредини: Интерконекторот е нераскинлив дел од нашата стратегија за диверзификација на изворите на природен гас
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нуредини: Интерконекторот е нераскинлив дел од нашата стратегија за диверзификација на изворите на природен гас
Агровести

Нуредини: Интерконекторот е нераскинлив дел од нашата стратегија за диверзификација на изворите на природен гас

Објавено 21/05/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За Република Северна Македонија, ова е нераскинлив дел од нашата стратегија за диверзификација на нашите извор на природен гас и понатамошно поврзување со други соседни земји, како што се Албанија, Србија и Косово, со цел да им испорачаме гас, вели министерот за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија Насер Нуредини за интерконекторот со Грција, говорејќи за грчкиот весник „Та неа“, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот додава дека тоа, „неизбежно ќе има економски придобивки за двете земји“ и изразува увереност дека наскоро ќе се финализира.

-Задоволство ми е да кажам дека сме договорени на билатерално за овој многу важен проект за нас и сега чекаме одобрување од ЕУ. Со добрата соработка што ја имаме како соседни земји, остануваат само формалностите што треба да се исполнат, а во блиска иднина договорот ќе биде потпишан, вели Нуредини и додава дека штом ќе се заврши со тој дел, ќе може да започнеме изградбата.

Во интервјуто под наслов „Треба да соработуваме и за чистата енергија“, по неговото учество на Делфи економскиот форум во Атина, Нуредини објаснува дека нашата земја усвои севкупен план за енергетски и климатски пристап, се фокусира на оддалечување од употребата на лигнит за производство на електрична енергија и инвестира во обновливи извори на енергија, како што се фотоволтаиците и ветерниците.

Потенцира дека Северна Македонија е зависна од лигнитот, меѓутоа во иднина, гасот ќе биде основен фактор во нашата енергетска мешавина и додава дека „согласно нашата амбиција за климата, во голема мера инвестираме во обновливите извори на енергија”, нешто што го покренува прашањето за складирање.

-Во тој дел водородот станува многу ветувачка инвестиција. Може да помогне во складирањето енергија од обновливи извори на енергија што ги надминува потребите. Но, тоа исто така ќе помогне да се намалат трошоците за превоз. Многу сум среќен што ова прашање на Економскиот форум во Делфи, го покрена потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс. И уште посреќен сум што министерот за енергетика, Костас Скрекас, ја прифати идејата нашите земји да соработуваат и во ова прашање и со поддршка на ЕУ, дури и да станат центар за водород во иднина, истакна министерот за животна средина и просторно планирање.

Во однос на геополитичките предизвици во регионот, вели дека не гледа многу, бидејќи верува дека „регионот знае дека за дополнително да ги зајакнеме мрежите и да постигнеме почисто производство на енергија, императив е да соработуваме”.

– Некои земји ќе можат да произведуваат повеќе отколку што бараат нивните потреби, а други ќе мораат да увезуваат, затоа е важно да се стремиме кон меѓусебно поврзување на нашите енергетски линии, вели министерот Нуредини за „Та неа“.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Таг:интерконекторнуредини
Претходен напис Промовирана Национална платформа за женско претприемништво за економско јакнење на жените
Следен напис Прво авионско засејување врз градоносни облаци за оваа година, спасени од штети земјоделските култури во три региони
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?