Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нуредини: Идентификуваме нови НАТУРА 2000 подрачја и спречуваме трговија со загрозени видови на флора и фауна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Нуредини: Идентификуваме нови НАТУРА 2000 подрачја и спречуваме трговија со загрозени видови на флора и фауна
Шумарство и водостопанство

Нуредини: Идентификуваме нови НАТУРА 2000 подрачја и спречуваме трговија со загрозени видови на флора и фауна

Објавено 21/09/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Претставници на повеќе министерства, јавни претпријатија за шуми, за пасишта, национални паркови, државни инспекторати, сектори за туризам, лов, риболов и слични засегнати страни денеска во Тетово со учество на конференција започнаа проект со цел идентификација на нови зони кои ќе станат дел еколошката мрежа на Европската Унија наречена Натура 2000.

Проектот е наречен „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“ или две главни компоненти со кои ќе се определат подрачјата и ќе се изготви соодветно законодавство. Досега се евидентирани 12 подрачја.

-Денеска сме тука да промовираме проект заедно со Европската делегација зајакнување на имплементација на Натура 2000. Ова е проект каде ние ќе ги идентификуваме тие зони во нашата држава за Натура 2000 и да ги заштитиме тие зони со европските директиви, што е потребно ние ќе го направиме тоа. Уште еднаш благодарам за финансиската и друг вид поддршката од ЕУ, изјави министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Шефот на делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир присуствуваше на настанот и рече дека поддршката е уште еден пример на заложбите на ЕУ за заштита на животната средина и на самата природа.

-Поддршката којашто ЕУ ја дава конкретно во овој случај ќе помогне во идентификување и на други локации во иднина коишто ќе бидат дел од мрежата Натура 2000. Тоа е всушност е најголемата светска мрежа каде што дел се исто така и земји членки на ЕУ. Причината поради која денеска сме тука на Шар Планина е затоа што гледаме потенцијал за зачувување на природата за да биде дел од мрежата на Натура 2000. Исто така оваа денешна поддршка не се работи само за потенцијал за заштита на природа, меѓутоа исто така и подготвување на самата земја за идното членство како земја членка на ЕУ, изјави амбасадорот Гир.

На настанот зборуваше и директорот на националниот парк Шар Планина Ибрахим Дехари.

-Новиот национален парк полека, но сигурно ги поставува темелите на успешно функционирање, а можноста да биде идентификуван како идно НАТУРА 2000 подрачје и воспоставување на правната регулатива за спречување на меѓународната трговија со загрозени диви видови на флора и фауна, во голема мера ќе го олеснат вградувањето на европските стандарди во развивањето на националниот парк, порача Дехари.

Главниот дел во компонентата за Натура 2000 е работа на терен во целата држава за процена на повеќе од 20 потенцијални подрачја. Целта на компонентата за CITES е да се постигне целосна усогласеност на националното законодавство со Регулативата и конвенцијата CITES на ЕУ за меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Македонско-словачкиот бизнис форум отвора нови можности за партнерство
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
За 5.1 проценти зголемен прометот во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво
Таг:НАТУРАнурединитрговијафаунафлора
Претходен напис Од денеска до 31 октомври аплицирање за финансиска поддршка за пченица, јачмен, рж, овес и сончоглед
Следен напис До 31 октомври поледелците може да аплицираат за близу 100 евра дополнителни субвенции
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?