Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Новите соеви на африканската свинска чума се помалку смртоносни, но потешко се контролираат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Новите соеви на африканската свинска чума се помалку смртоносни, но потешко се контролираат
Агровести

Новите соеви на африканската свинска чума се помалку смртоносни, но потешко се контролираат

Објавено 04/03/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според моменталните информации се чини дека новите варијанти од вирусот во Кина предизвикуваат поблага форма на болеста, правејќи ја помалку смртоносна. Но, студијата што ја пренесува Ројтерс докажува и дека таквите варијанти потешко се контролираат.

Работата на тимот од Институтот за ветеринарни истражувања „Харбин“, при Кинеската академија за науки го докажал претходно споменатото откритие, но не е единствен кој ја проблематизирал оваа тема на природни мутации на вирусот кој зафати голем број свињи во оваа земја во текот на 2018 и 2019 година, но и понатаму ги уништува.

Првата студија на Воениот ветеринарен институт во Чангчун известува за пронаоѓање вирус со делумна делеција на генот (губење на еден или два нуклеотиди), за што претходно е покажано дека ги штити свињите од африканската свинска чума.

„Појавата на помалку вирулентни природни мутанти доенсува поголеми потешкотии во раното откривање и претставува нови предизвици за контрола на африканската свинска чума“, напишале Сун Енченг и неговите колеги во списанието Life Sciences. Тие забележале дека мутантите предизвикуваат непредвидлив тек на болеста и благи симптоми.

Најновите откритија доаѓаат од примероци од седум провинции во текот на втората половина на 2020 година. Истражувачкиот тим открил 22 изолати со мутации, а подоцна на вируси се тестирале четири од нив. Два изолати биле исто смртоносни како и првата форма на вирусот кој кружел во Кина. Но, другите два покажале пониска вируленција со симптоми кои варираат од делумно смртоносни до несмртоносни.

Хроничната форма на африканската свинска чума потешко се открива

Некои аналитичари проценуваат дека оваа зима оваа болест погодила 20% од свињите на северот на Кина. Меѓутоа, на кинеските фарми на свињи се пронајдени најмалку два нови вида африканска свинска чума за која се мислело дека ја создал човекот и тоа поради илегални вакцини.

Новите соеви предизвикуваат хронична форма на оваа болест, а стручњаците потенцираат дека потешко се открива. Но, не е јасно колку се чести новите варијанти кои ги утврдил тимот од Харбин.

„Студијата е многу важна за разбирање на епидемиологијата на африканската свинска чума во Кина“, изјавила Линда Диксон, стручњак за болести од британскиот институт „Пирбрајт“. Таа додала дека истражувањето треба да се прошири за да се утврди колку соеви циркулираат и се зголемуваат или се намалуваат во однос на високо вирулентните изолати.

„Би било корисно за другите земји, особено во Азија, да се надгледува кружењето на варијантите со намалена вируленција за да се обезбедат соодветни мерки за контрола“, заклучила Диксон.

Научниците сметаат дека проверката на делоторноста која моментално се развива во „Харбин“ треба под итно да се процени во однос на новите соеви.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:африканска свинска чумакина
Претходен напис Нуредини: Доколку Собранието го поддржи и усвои овој предлог, нашата држава ќе го добие првиот Национален парк од прогласувањето на независноста
Следен напис Висина на субвенциите за 2021 година, за поледелските култури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?