Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Новиот закон за пушење пред Влада – терасите да имаат две отворени страни, кафулињата со посебен влез за непушачи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Новиот закон за пушење пред Влада – терасите да имаат две отворени страни, кафулињата со посебен влез за непушачи
Агровести

Новиот закон за пушење пред Влада – терасите да имаат две отворени страни, кафулињата со посебен влез за непушачи

Објавено 19/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По состаноците и консултациите со засегнатите страни од Предлог-законот за заштита од пушење, како и анализата на забелешките од научен, економски, инфраструктурен, социјален и здравствен аспект, министерот за здравство соопшти дека дошле до заклучок дека просториите со две отворени страни, односно терасите, може да бидат места каде што ќе биде дозволено пушење.

-Знаете дека само во Скопје имаме над 7.000 угостителски објекти што имаат тераси, според инфраструктурата на градот и во другите градови, но уште еднаш, дозволете ми да нагласам дека особено во Скопје, поголемиот дел од тие ресторани имаат таква инфраструктура што е невозможно да имаат три отворени страни, на пример аголни објекти и слично, кои имаат згради од едната и од другата страна, кои не може да се рушат за да се обезбедат три отворени страни, вели министер за здравство, Азир Алиу.

Со новите законски измени, угостителските објекти ќе треба да обезбедат посебен влез за непушачите.

Една од најголемите инфраструктурни интервенции што ќе треба да ја направат сите угостители според законот е да обезбедат влез во самиот угостителски објект кој е одвоен од просторот каде што се пуши. Идејата е да се заштитат граѓаните кои не пушат, а да се дефинира место каде што може да се пуши, вели министер за здравство, Азир Алиу.

Алиу изјави дека по консултациите, сите отворени прашања се затворени. Предлог-законот ќе се разгледува во вторник на владина седница, а потоа постапката ќе продолжи во Собранието. Министерот очекува законскиот акт да биде процесиран до крајот на април. Со овие законски измени, тој се надева дека за две до три години бројот на пушачи ќе се намали од над 45 проценти на под 20 проценти.

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:законпушењеСкопје
Претходен напис Трипуновски во посета на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип
Следен напис Уапсен е актуелен директор на Државен инспекторат – примал мито
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?