Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Новиот германски министер за земјоделство најавува промени – Поскапа, но поздрава храна и позадоволни земјоделци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Новиот германски министер за земјоделство најавува промени – Поскапа, но поздрава храна и позадоволни земјоделци
Агровести

Новиот германски министер за земјоделство најавува промени – Поскапа, но поздрава храна и позадоволни земјоделци

Објавено 10/01/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со новиот министер за земјоделство на Германија, Чем Уздемир, доаѓаат и нови правила во германското земјоделство. Доколку новоименуваниот министер на овој ресор го постигне планот, тоа ќе значи поздрава, но поскапа храна, помала појава на дебелина кај граѓаните и позадоволни земјоделци.

Вака најкратко можат да се опишат неговите планови, кои се оспорувани од конзервативците, па реализацијата на овие идеи сѐ уште е под знак прашалник. Уздемир е дециден дека храната не треба да се продава по поволни цени и дека сака да гледа повеќе органска, а помалку практична храна. Ова би можело да ги погоди посиромашните потрошувачи, но во исто време значи дека земјоделците ќе бидат платени за нивните производи по реални вредности.

„Квалитетот на храната во Германија е премногу низок, како и цените, а поради тоа сите губат. Веќе не би требало да има безвредни цени“, вели Уздемир, додавајќи дека ниските цени ги туркаат фармите во пропаст, ја спречуваат благосостојбата на животните, промовираат изумирање на видовите и ја оптоваруваат климата.

„Сакам да го сменам тоа. Цената треба да ја одразува „еколошката реалност“ на производството“.

Уздемир наведува дека евтиното месо е лошо за потрошувачите, за фармите, за животните и за животната средина. Потрошувачите страдаат и поради евтината храна која содржи премногу масти, шеќер и сол. Тој истакнува дека над 50 отсто од возрасните Германци се со прекумерна тежина.

„Понекогаш имам чувство дека доброто моторно масло ни е поважно од доброто масло за салата“, изјави министерот за Bild am Sonntag.

Целта на новата влада е до 2030 година да го зголеми германскиот удел на „органски одгледувана“ земја од сегашните 10 на 30 проценти.

Што ќе биде со цената на месото?

Уште во јули минатата година, специјалната владина комисија за иднината на индустриското земјоделство, составена од еколошки здруженија и групи на земјоделци, ги постави истите општи цели како и Уздемир. Така што тој само ја продолжува работата што е веќе започната. Намалувањето на потрошувачката на месо ќе ја зголеми заштитата на климата. Тој вели дека говедското месо треба да чини пет-шест пати повеќе од сега, или над 80 евра за килограм, наместо сегашните 14 евра, колку што сега е цената на килограм бифтек во Германија.

Смета дека поскапувањето е неопходно за да се избалансираат трошоците поради загадувањето и губењето на биолошката разновидност, за што Комисијата проценила 90 милијарди евра годишно. Исто така, неговиот став е дека млечните производи би требало да чинат два до четири пати повеќе од сега.

Комисијата навела дека е потребна инвестиција од седум до 11 милијарди евра годишно за финансирање на еколошката трансформација на земјоделската индустрија. Во извештајот се наведува дека нема да има начин да се намали вкупната количина на добиток на германските фарми, што неминовно би значело помалку месо на пазарот и повисоки цени.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Германијаоздемир
Претходен напис Осмислен систем за предупредување за уморните возачи на земјоделска механизација
Следен напис Водостојот на реките се зголемува, нивоата на езерата исти како вчера
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?