Ги отвораме институциите, македонските земјоделци ќе имаат полесен пристап до Платежната агенција – информира министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.
-Заедно со директорот сакаме да соопштиме до сите земјоделци дека во наредниот период секоја подрачна единица и вработените во подрачните единици на Министерството ќе имаат пристап до базата на податоци на Платежната агенција за да не мора земјоделците да патуваат до Скопје и да проверуваат дали нивната апликација е во ред.
Во наредниот период ќе се продолжи со отворање на подрачни единици и канцеларии во речиси секоја рурална општина за да Министерството преку подрачните единици биде сериозен сервис на самите земјоделци – напиша на ФБ Трипуновски.
