Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нови сознанија за мистеријата наречена проѕевање
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Нови сознанија за мистеријата наречена проѕевање
Магазин

Нови сознанија за мистеријата наречена проѕевање

Објавено 17/01/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Научниците долго дебатираат за тоа што предизвикува проѕевање, и до денес сѐ уште нема конечен заклучок. Нова теорија нуди занимливо објаснување – коешто нема никаква врска со недостатокот на кислород или заморот.

За вообичаени предизвикувачи на проѕевање досега се сметале заморот, здодевност, будење или стрес, а познато е и дека тоа може да е заразно – со просто гледање или слушање како другите се проѕеваат. Клиниката Кливленд (Cleveland Clinic) во САД, потсетува на старата теорија – дека проѕевањето е, всушност, отворање на дишните патишта.

„Тоа е сложено мускулно движење. За само неколку секунди, целата мрежа од дишни паитшта се шири, а мускулите околу грлото (фаринксот) интензивно се растегаат и затегаат. Друго име за проѕевање е оскулација”, се вели во објаснувањето.

Нова теорија: Ладење на мозокот

Ендрју Галуп – научник од Универзитетот на Њујорк, ја развива теоријата уште во неговите студентски денови. Набљудувајќи го „зевањето“ т.е. наглото отворање на вилицата, тој претпотавил дека тоа го стимулира протокот на крв околу черепот, што помага да се регулира температурата и придонесува за ладење на мозокот. Вдишувањето воздух при проѕевањето внесува и поладен воздух во телото, според научникот.

Галуп реши и да ја тестира својата хипотеза. Во експериментот, учесниците држеле топли, ладни и млаки облоги на челото додека гледале како другите луѓе се проѕеваат. Резултатите се интересни:

Кај испитаниците со топлите облоги, проѕевањето било заразно во 41 отсто од случаите; Кај учесниците со ладни облоги, тој број изнесувал 9 насто.

Дополнително, учесниците кои дишеле низ нос – што е поефективен начин за ладење на мозокот од дишењето преку уста – воопшто не се проѕевале. Во другите групи, меѓу 45 и 54 отсто од учесниците се проѕевнале барем еднаш.

Галуп притоа побарал од учесниците да ја измерат температурата на устата пред и по проѕевањето. Тој открил дека температурата се зголемува непосредно пред проѕевањето и паѓа по тој чин, што дополнително ја поддржува неговата теорија.

Одржување будност

Галуп, меѓу другото, смета дека проѕевањето не е знак дека ни треба да спиење, туку напротив – тоа веројатно е своевиден механизам што му помага на човекот да остане буден и приутни. поред него, „проѕевањето може да послужи како начин за одржување на будноста и менталната сосредоточеност на група луѓе.

Кристијан Хес од германскиот Универзитет во Берн ја критикуваше теоријата на Галуп. Тој тврди дека неговите експерименти не нудат доволно убедливи докази.

МИА

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:мистеријатановипроѕевањесознанија
Претходен напис Во Берово најладно со – 9, Претор и Охрид најтопли со 0 степени
Следен напис Нивото на јаглерод диоксид во атмосферата во 2024 година се зголемувало побрзо од кога било досега, предупредуваат научниците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?