Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нови јавни повици за ИПАРД се очекуваат во четвртиот квартал од 2026 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нови јавни повици за ИПАРД се очекуваат во четвртиот квартал од 2026 година
Агровести

Нови јавни повици за ИПАРД се очекуваат во четвртиот квартал од 2026 година

Објавено 08/05/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорката на Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, присуствуваше на седмиот состанок на комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027.

Покрај редовните претставници, во улога на набљудувачи учествуваа и претставници на: Европската Комисија (ГД за земјоделство), Управувачката структура, Ревизорското тело и Телото за управување со ИПАРД.

Согласно точките од дневниот ред за шестиот состанок, каде беа презентирани информации за состојбата со спроведување на ИПАРД, каде Европската Делегација изрази доверба во институциите за брзо и правично надминување на состојбата која настана поради потенцијалниот корупциски скандал за ИПАРД Програмата во Македонија.

На состанокот се донесоа повеќе заклучоци меѓу кои:

– Модификација на ИПАРД Програмата 2021-2027 – Измените на програмата се усогласени помеѓу АФПЗРР, НАО и ТУ и истите треба да бидат доставени до ДГ АГРИ на одобрување. 

–Измена на процедури – АФПЗРР согласно предложените измени на ИПАРД Програмата 2021-2027, како и препораките дадени во ревизорските извештаи од страна на РТ и НАО, потребно е да изврши измени во внатрешните процедури за работа (опфатени се сите сектори во Агенцијата. Измените потребно е да се завршат до одобрување на модификацијата на програмата од страна на ДГ АГРИ, но не покасно од средина на Јули.

– Во однос на динамиката – продолжува исплата на средства на авторизирани и одобрени барања за исплата. Истовремено се продолжува со склучување и на договори од јавните повици 01/2024 за Мерка 3 и 02/2024 за Мерка 7. Очекуван рок за комплетирање на договорите од овие два јавни повици е крај на месец Мај. За Јавниот повик 01/2025 за Мерка 1, административната обработка е завршена за предметите и се чека одговор од Одделението за проверка на базата на референтни цени. По добиените цени ќе се  започне со склучување на договори и од тој јавен повик. 

– Нови јавни повици се очекуваат во 4ти квартал од 2026 година, односно по усвојување на модификациите на програмата, комплетирање на измените на процедурите, како и комплетирање на сите договори од активните јавни повици, односно затворање на повиците.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:ИПАРДповици
Претходен напис Седми состанок на Комитет за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027
Следен напис Лозарите кои имаат штети од мрзнење да добијат зголемени субвенции, Советот на Кавадарци со неколку барања од вонредна седница 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?