Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нови измами преку уреди за фишинг на кодови за авторизација за превземање на платежните сметки на граѓаните
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нови измами преку уреди за фишинг на кодови за авторизација за превземање на платежните сметки на граѓаните
Агровести

Нови измами преку уреди за фишинг на кодови за авторизација за превземање на платежните сметки на граѓаните

Објавено 16/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Народната банка предупредува на шема на нов и многу опасен начин на „фишинг“, каде со внесување на податоци од платежната картичка и доставен ОТП код за авторизација, се превземаат платежните сметки на клиентите од страна на измамници и ги повикува граѓаните на поголема внимателност.

Од Народната банка појаснуваат дека до граѓаните пристигнува фишинг порака (СМС, е-маил), во која се наведува на итност за исплата, испорака на пакет и слично и се дава врска на која треба да се уплати. 

Од Банката додаваат дека измамениот е пренасочен кон „злонамерна“ веб-страна, на која внесува име и презиме, адреса, сериски бр.на картичка, дата на важност и CVV код од картичката. Измамникот ги користи овие информации за почеток на постапка за отворање на Google Pay паричник.

– Со започнатата постапка на измамникот за отворање на Google Pay паричник, Банката на измамениот му испраќа ОТП код за автентикација кој е со намена за дигитализација на платежна картичка, кој измамениот мислејќи дека му е потребен за завршување на платежната трансакција го внесува на „злонамерната“ веб-страна. Измамникот со добиениот ОТП код ја завршува регистрацијата на Google Pay и оттогаш располага со средства на сметката на измамениот, се вели во објавата на Народната банка на Фејсбук.

Од Народната банка бараат граѓаните да се информираат и да бидат внимателни за постојни измами, преку „фишинг“, како и редовно да ги следат насоките и информациите доставени од банките.

-Внимателно прочитајте го текстот за намената на ОТП кодот кој ви е доставен. Доколку ОТП кодот е доставен со намена да се изврши дигитализација на вашата платежна картичка, а вие тоа не сте го побарале, прекинете со активноста и веднаш контактирајте ја банката, велат од банката.

Додаваат дека граѓаните треба да направат прилагодување на лимитите за плаќање со нивните  платежни картички согласно нивната вообичаена потреба и редовно да ги следат сметки за соминителни активности.

МИА

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:авторизацијаизмамикодовиплатежните сметкифишинг
Претходен напис Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31 декември, граѓаните да ги заменат навреме
Следен напис Од среда побилни врнежи, со можност наместа да бидат поројни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?