Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нови дрвореди на влезот во Кочани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нови дрвореди на влезот во Кочани
Агровести

Нови дрвореди на влезот во Кочани

Објавено 21/04/2021
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сообраќајниот влез од западната страна на Кочани денеска доби нови дрвореди во заедничка акција за озеленување што ја реализираа Локалната самоуправа и компанијата „Синохидро корпорејшн лимитед“ – Пекинг, подружница Скопје.

На потегот од крстосницата на улиците „Димитар Влахов“ и „Павлина Велјанова“, во два реда се засадени садници од видот дуглазија, како природна, зелена заштита на станбените објекти коишто се во непосредна близина на фреквентната сообраќајница.

– Изминатов период, при градбата на експресниот пат Штип – Кочани, односно поради проширување на делницата, неопходно беше отстранувањето на повеќе стебла, поради што со изведувачот на градежните работи се договоривме да направиме нивна компензација. Заеднички обезбедивме над 200 млади стебла за да бидат засадени на погодни локации и да ја надоместиме изгубената зелена дрвна маса. Сметам дека ова ќе придонесе за подобрување на целокупниот амбиент во урбаното подрачје и за заштита на животната средина, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Паралелно со западниот сообраќаен влез, озеленети се и површините околу двете бензински пумпи, каде е засаден чемпрес. Претходно, стеблата што беа отстранети поради изградбата на експресниот пат, екипи на комуналното претпријатие „Водовод“ ги презасадија во кругот на модуларната ковид-болница во Кочани.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:Кочани
Претходен напис Се разгледува можноста за јавно-приватно партнерство за ски-центарот Попова Шапка
Следен напис Народна банка: Раст на депозитите и на кредитите во март
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?